Close Menu
    Најново

    По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата

    30.12.2025 во 22:53

    Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип

    30.12.2025 во 22:42

    Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип

    30.12.2025 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • По 9 години Мел Гибсон се разведува од сопругата
    • Две лица се повредени во сообраќајката Кочани – Штип
    • Поради сообраќајна незгода во прекин сообраќајот на патот Кочани – Штип
    • На 35 години почина внуката на Џон Кенеди
    • Шефот на украинската војска за Западот: Ние повеќе никого не молиме, сега тие доаѓаат кај нас
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
    • Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » М-НАВ реагира на најавите за штрајк: Македонското небо не смее да се ”затвори”

    М-НАВ реагира на најавите за штрајк: Македонското небо не смее да се ”затвори”

    09.10.2025 во 11:11
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Менаџерскиот тим на М-НАВ реагира до јавноста околу најавите за штрајк и „затворањето на небото“ на 20 и 24 октомври.

    М-НАВ како институција е дел од критичната инфраструктура која директно ги штити животите и безбедноста на патниците, екипажот и воздушниот сообраќај што пристига, полетува и прелетува над Република Македонија. Работата на контролата на летање не смее и не може да запре под никакви околности поради ризикот по безбедноста на сите граѓани.

    Менаџерскиот тим го признава правото на синдикалните организации да организираат штрајк како интегрален дел од борбата за подобрување на работничките права на вработените. Сепак, секој штрајк во институција која обезбедува безбедносни услуги мора да биде организиран така што работно ќе бидат ангажирани доволен број на контролори на летање (и секако останатите вработени на други работни места) за да се одржи безбедното управување со воздушниот сообраќај. Ниту една активност на синдикатите или било кои други субјекти не смее да доведе до загрозување на животите или инфраструктурата.

    Во исто време, М-НАВ остро се спротивставува на сензационалистичките и неточни најави кои се шират од страна на дел од раководството на струковиот синдикат. Повторуваме дека ширењето на дезинформации и панични наслови е неодговорно и може да создаде неоправдан страв кај јавноста и нестабилност во работењето на службите за авијација.

    Менаџментот на М-НАВ останува отворен за конструктивен социјален дијалог со синдикалните претставници и е подготвен да разгледа реални и објективни барања за кадровските и организационите прашања. Сите барања треба да се адресираат преку официјалните процедури со цел да се најде решение кое нема да ја загрози безбедноста на летовите.

    M-HAB ги повикува сите засегнати страни, медиумите и јавноста да се воздржат од ширење на непотврдени информации и да ги посочуваат фактите.

    М-НАВ ќе ги преземе сите неопходни мерки за непречено и безбедно функционирање на воздушниот сообраќај и нема да дозволи никакви активности кои можат да ги загрозат патниците или функционирањето на воздушниот сообраќај.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.