Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукровски: Карпош ќе се развива плански, работиме на план за трајно решение на проблемот со паркирањето 

    Лукровски: Карпош ќе се развива плански, работиме на план за трајно решение на проблемот со паркирањето 

    18.09.2025 во 11:242 Mins Read
    ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа. Лукровски се осврна на актуелните предизвици поврзани со урбанизацијата и недостигот од паркинг места во општината. Лукровски нагласи дека развојот на општините е неопходен, но треба да се спроведува плански, хумано и само таму каде што постои простор за нови градби, а проблемот со паркирањето, Лукровски потенцираше дека веќе се работи на изготвување план кој ќе понуди трајно и системско решение.

    ,,Потреба да се гради има и треба да се гради. Треба општините да се развиваат, комуналиите доаѓаат, егзистенцијата на општините од комуналии. Дајте да градиме паметно, да градиме хумано, да градиме онаму каде што има простор, да правиме осмислени населби, онака како што некој ги направил пред 50-60 години овие населби во кои ние сега живееме. Во Карпош 1,2,3,4, Влае и Тафталиџе не треба да има повеќе простор за којзнае какви градби. Треба да се дозволи, меѓутоа не објекти кои ги загрозуваат сите останати во околината“, вели Лукровски.

    Тој посочи дека неопходна е ревизија на досега спроведените урбанистички планови и дека идните проекти ќе мора да се изработуваат заедно со граѓаните.

    ,,На се што е досега направено, ќе направиме една ревизија да видиме што можеме да корегираме, она што може да се врати. Она што ќе биде во иднина да го правиме со граѓаните. Јас би сакал таму каде што ќе никне зграда да одам да видам како ќе функционира во просторот“, рече Лукровски. 

    Говорејќи за проблемот со паркирањето, Лукровски истакна дека општината мора да обезбеди квалитетни решенија, но и граѓаните треба да покажат коректност во користењето на паркинг-местата.

    ,,Треба општината, се што е во ингенернции на општината да допринесе за поквалитетен живот на граѓаните, меѓутоа ќе мораме да научиме и ние како граѓани да бидеме коректни. Ќе ги обновиме, ќе направиме се со она што е обврска на општината, меѓутоа коректно е да ги користиме предвидените паркинг места

    ,,Ќе треба да видиме што можеме да ставиме во функција од гаражите, да видиме со хаварисаните возила. Тие се исто голем проблем. Тие одземаат дел од паркинг местата и да видиме со оние актуелни монтажни гаражи што ги споменуваме во кампањата, во програмата. Велиме над 500 паркинг места. Веќе конкретизиравме. Карпош 4, Лептокарија и Млечен се најзагрозени во делот на паркингот“.

    Featured
    Прочитај повеќе

    Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата

    06.10.2026 во 15:31

    Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    06.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.