Лукашенко: Ако на нашите руски браќа им треба помош, ние сме спремни

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека неговата земја е „веќе подготвена“ да и понуди поголема помош на Русија во нејзината војна против Украина. Зборувајќи за време на државната посета на рускиот сојузник Зимбабве, Лукашенко истакна дека на Русија во моментов не ѝ е потребна „никаква помош“.

„Ако на нашите руски браќа им треба помош, ние секогаш сме подготвени да понудиме таква помош“, рече Лукашенко без да прецизира што ќе вклучува таа помош. Лукашенко, близок сојузник на Путин, ја посети јужноафриканската земја за да ги зајакне економските и политичките врски меѓу Белорусија и Зимбабве.

Двете земји тесно соработуваат, особено во земјоделството, а Лукашенко му понуди на Зимбабве повеќе трактори, жетвари и камиони. Зимбабве јавно не ја осуди Русија за инвазијата на Украина. Претходно овој месец Русија и Белорусија учествуваа во заеднички воени вежби на белоруска територија.

31.01.2023 - 20:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега