Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукароска: ДПМНЕ го опустоши Прилеп

    Лукароска: ДПМНЕ го опустоши Прилеп

    09.10.2025 во 09:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „После 4-годишното владеење на ДПМНЕ, нам и на сите граѓани во наследство ни остана опустошен и обезличен град, запуштени и запоставени села, осиромашени граѓани. Наместо ред, донесоа хаос. Наместо подобар живот,  поскап живот“, порача кандидатката за градоначалник на Прилеп од СДСМ, Петра Лукароска, на граѓанска трибина.

    Таа истакна дека цените на водата, данокот на имот, комуналиите, градскиот превоз и паркингот значително се зголемија, додека финансиската состојба на јавните претпријатија е влошена и денес имаат долг од над 2 милиони евра.

    „Партиските директори од тефтерчето на Проданоски ги доведоа претпријатијата пред банкрот и удрија по џебот на граѓаните. Тандемот Јовчески–Проданоски има директна одговорност за уништениот спорт, за бришењето на ‘Победа’ од фудбалската мапа, за ‘евакуацијата’ на младите од родниот град, за узурпираните јавни површини, за темните, раскопани, нечисти и празни улици од кои демнат глутници кучиња скитници“, рече Лукароска.

    Особено ја критикуваше состојбата со безбедноста, потенцирајќи дека Прилеп стана лидер во државата по бројот на запалени возила, фрлени бомби во угостителски објекти и семејни куќи, насилството на улиците.

    Лукароска ја претстави визијата за развој и просперитет на Прилеп. Меѓу клучните проекти се изградба на две паркинг-платформи со 100 нови паркингместа, проектот „Топташ Скајлајн“ како урбана зона за рекреација и одмор, младински центар за креативност и дружење, три нови велосипедски патеки, како и обнова на планинарскиот дом „Дервен“.

    „ Во програмaта е и поставување фотоволтаици на сите општински објекти, реконструкција на Старата чаршија, два кружни тека кај автобуската станица, уредување на „Дабнички канал“, нови содржини во спортско-рекреативниот комплекс кај вештачкото езеро и изградба на паркинг и асфалтирање на обиколницата околу новите градски гробишта., најави Лукарсока.

    Таа најави и враќање на безбедноста во секое маало и улица, подигнување на образованието со подобри услови за учениците и наставниците, како и поддршка за културата, традицијата и спортот, со посебен акцент на враќањето на имиџот на Прилеп како најфудбалски град во Македонија.

    „Градоначалничката функција ја разбирам како теренска, а не како канцелариска работа. На 19 октомври се бориме за нашиот град и нашите граѓани. Се бориме за нашиот дом“, порача кандидатката за градоначалничка на Прилеп, Петра Лукароска.

    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже

    06.10.2026 во 12:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.