Лукаревска: Не забележав дека на членови на ВМРО-ДПМНЕ им бил забранет пристап до Мечкин Камен

Не забележав дека на членови на ВМРО-ДПМНЕ им бил забранет пристап до Мечкин Камен за прославата на Крушево. Видов луѓе кои дојдоа за да го чествуваат празникот, а не дојдоа поради кавги и инциденти, кажа потпретседателката на СДСМ и директорка на СДСМ, Сања Лукаревска после обвинувањата на опозициските партии околу организацијата на прославата за Илинден во Крушево.

Според неа, “може да се сме политички противници, но не смееме да дозволуваме ние политичарите да бидеме непријатели“.

-Мислам дека оваа година достоинствено го прославивме Илинден на сите места и се покажа дека Илинден е обединувачки момент кој што треба да значи просперитет на државата. Премиерот Ковачевски имаше таму одличен говор. Не значи дека имаше партизација на било каков настан. На крајот на краиштата, на Мечкин Камен ниту се добиваат или губат избори. Во овој момент на сите свечени настани, треба да бидеме ибединети и да се работи на политичката култура, рече Лукаревска во емисијата „Жешко политичко лето“.

 

04.08.2022 - 19:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега