Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска: Како ќе се реши проблемот на Детска клиника, во ризик е здравјето на децата

    Лукаревска: Како ќе се реши проблемот на Детска клиника, во ризик е здравјето на децата

    25.06.2026 во 20:263 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница постави пратеничко прашање до заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, во врска со хаосот во здравствениот систем. Лукаревска укажа на сериозните проблеми во здравството, меѓу кои недостиг на медицински кадар, незадоволство кај пациентите и вработените, лоши услови во здравствените установи и бројни скандали кои го нарушуваат функционирањето на системот. Лукаревска посочи дека околу 50 вработени на Клиниката за детски болести шест месеци не земаат плата, поради што протестираа пред Министерството за здравство. Таа побара одговор како Министерството ќе го реши овој проблем и кој ќе ја понесе одговорноста за состојбата што директно влијае врз здравјето на децата со имунолошка терапија.

    Во продолжение е интегралното пратеничко прашање на Лукаревска:


    „Второто прашање ми е до заменик-министерот за здравство. Жалам што не е тука министерот за здравство, бидејќи деновиве вашиот ресор е доста актуелен. Имаме проблеми, застој, незадоволство на секој чекор, недостиг на медицински кадар, спратови од клиники кои долго се реновираат, несоодветни услови во клиниките, револтирани пациенти кои што се во животозагрозувачка состојба поради несоодветен третман, вработени во клиниките евидентирани за присуство на работно место од страна на еден колега, а другите си ги терале приватните обврски. Одземена надлежност на Стоматолошката комора за издавање на лиценци. Сè уште нема епилог за овој случај. Многу тужби за неисплатени ноќни смени, дежурства и прекувремена работа.


    Исто така загрижува состојбата дека многу доктори од јавното здравство вршат дополнителна работа и на приватните клиники. Немате стратегија како да се справите со тоа. Да го споменам и скандалот со нелегален ботокс и филери. Лош ревизорски извештај за скрининг-програмите итн. и круна на сè ова, признание е најновиот Индекс за здравствена заштита на Намбео (Numbeo) за 2026 година, на кој сме на листата на најлоши здравствени системи во светот, значи лоши оценки за квалитетот на медицинските услуги, персоналот, болничката инфраструктура, времетраењето на чекање и трошоците за лекување.


    Деновиве во фокус е Клиниката за детски болести, а во врска со медицинскиот кадар околу 50 вработени од истата клиника протестираа пред Министерството за здравство незадоволни што веќе шест месеци не земаат плата. Бараа средба со министерот Алиу, не знаеме, немаме информација дали таа средба е реализирана, бројни реакции до надлежни институции и ветувања дека ќе се направат напори за решавање на проблемот. Нивниот статус останува нерешен. Со ваква поставеност го видовме нивниот револт од фактот што добиле дури утешна награда дека всушност тие се на некој начин и волонтери. Нивниот ангажман е волонтерски. Зошто дозволивте ваков развој на настаните? Најголемиот проблем тука е што е загрозен животот на дечињата. Ним им е потребна редовна контрола, терапија, соодветна грижа. Ним не им помагаат ниту прес-конференциите, ниту пак префрлањето на топката од една во друга институција и кој е одговорен за ваквиот развој на настаните.

    Долго време се повикувате на административни пречки, а замислете во владината програма за четиригодишниот мандат стои вака – „Визијата на Владата е ефикасен, ефективен и достапен здравствен систем за граѓаните на Македонија. Нашата визија го поставува пациентот во центарот на сите здравствени процеси“. Владата дека ќе изработи план за оптимизација за здравствениот систем, вложување во јавното здравство и така натаму. Ова не е ништо точно бидејќи реалноста е сосема друга.

    Ве прашувам како ќе го решите овој проблем во Клиниката за детски болести“.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.