Close Menu
Press24
    Најново

    Лукаревска до Јаневска: Колку наставници ќе бидат технолошки вишок со оптимизацијата во образованието?

    25.06.2026 во 19:59

    Мега паркот во Бутел во завршна фаза – нова зелена оаза за граѓаните

    25.06.2026 во 19:33

    Македонија ја очекува нов топлотен бран – следуваат температури од 39°C

    25.06.2026 во 19:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лукаревска до Јаневска: Колку наставници ќе бидат технолошки вишок со оптимизацијата во образованието?
    • Мега паркот во Бутел во завршна фаза – нова зелена оаза за граѓаните
    • Македонија ја очекува нов топлотен бран – следуваат температури од 39°C
    • „Сејф сити“ пристигна и во Охрид
    • Тинејџер падна од електричен тротинет – почина во болница во Мостар
    • Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи
    • Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?
    • Митрески: Кога ќе ги исплати министерството за земјоделство субвенциите на сточарите?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска до Јаневска: Колку наставници ќе бидат технолошки вишок со оптимизацијата во образованието?

    Лукаревска до Јаневска: Колку наставници ќе бидат технолошки вишок со оптимизацијата во образованието?

    25.06.2026 во 19:593 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница постави пратеничко прашање до министерката за образование Весна Јаневска, во врска со најавената оптимизација на образовниот систем и последиците врз наставниот кадар и учениците. Лукаревска укажа дека процесот се спроведува без доволна јавна дебата, со кратки рокови и бројни нејаснотии кои предизвикуваат загриженост кај наставниците, родителите и стручната јавност. Во прашањето, Лукаревска побара одговори колку наставници ќе останат технолошки вишок, колку од нив ќе бидат прераспределени како образовни асистенти и каква ќе биде нивната иднина по истекот на едногодишниот ангажман.

    Во продолжение е интегралното пратеничко прашање на Лукаревска:

    „Имам прашање многу актуелно деновиве за оптимизацијата во образовниот систем, затоа што доаѓаат многу реакции и од наставниците и од родителите, исто така и од независниот синдикат за образование и наука. Многу непознати, а малку одговори. Ова е навистина сериозен процес кој што бара инклузивност, комуникација со јавноста и предвидливост за да можат да бидат вклучени и слушнати сите засегнати страни од стручната фела. Значи неопходна е дебата.

    Бидејќи зададовте екстремно кратки рокови од шест дена на општините да направат анализи и да ви достават податоци на основа на кои ќе ја темелите оптимизацијата, како и прераспределбата на наставниците како образовни асистенти, сакам да ја информирате јавноста од овде, од оваа говорница колкава е реалната потреба од образовни асистенти на ниво на државата. Колку наставници според вашите проекции ќе останат технолошки вишок како последица на оптимизацијата? Колку од нив планирате да бидат прераспределени како образовни асистенти и каде ќе бидат распределени останатите наставници кои нема да можат да бидат ангажирани на тие позиции.

    Но, она на што исто така треба да биде да добиеме конкретен одговор што ќе се случи по една година. согласно член 19 став 11 од Законот за основното образование и член 3 став 11 од Законот за средното образование  прераспределувањето на наставник на позиција образовен асистент е со време траење од една година. Што ќе се случи откога ќе истече оваа една година министерке? Дали имате план за тие луѓе? Дали ќе бидат вратени на наставни позиции и каде или секоја година повторно ќе поминуваат низ истата неизвесност и страв за својата егзистенција? Што е позадината на ова? Затоа што наставниците не се бројки односно ставки во некаква оптимизациска програма, тоа се луѓе со семејства, професионален интегритет, долгогодишно искуство.

    Едноставно тоа се човечки судбини. Имаме информации дека во изминатиот период не се дозволува ниту трансформација на работните места на наставниците кои биле со договор на определено време, иако ги исполнувале условите да се трансформира нивниот работен однос од определено на неопределено. Дали тоа значи дека на сите нив ќе им се заблагодарите и со тоа ќе заврши нивниот работен ангажман? И да не ги заборавиме децата, бидејќи тие се и најважни во целиот овој процес. Дали размисливте колку овие прераспределувања кои се прават без одредена динамика, брзоплето и без сенс ќе се одрази на нивниот емоционален развој? Сите земји се трудат да го направат ученикот центар и столб во образовниот систем. Ама кај вас веројатно други се приоритетите, тендерите за превоз, а учениците не го добиваат приоритетот. И затоа јавноста заслужува јасен одговор. Моето прашање е дали зад оваа оптимизација стои сериозен и долгорочен план или повторно сведочиме на импровизација која ќе создаде нови проблеми наместо да ги реши постојните“.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Овозможивме раст од 32 % повеќе патници на аеродромите и раст од околу 20 % на странските туристи

    25.06.2026 во 18:28

    Митрески до Кочоска: Зошто 44 милиони евра пари на осигурениците не се префрлени во вториот столб – кој ќе ја надомести штетата?

    25.06.2026 во 18:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.