Close Menu
Press24
    Најново

    Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници

    07.04.2026 во 09:49

    ВМРО-ДПМНЕ: Земал ли Заев 4 милиони евра мито за „бетонската џунгла“ во Тетово

    07.04.2026 во 09:48

    Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД

    07.04.2026 во 09:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници
    • ВМРО-ДПМНЕ: Земал ли Заев 4 милиони евра мито за „бетонската џунгла“ во Тетово
    • Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД
    • СДСМ: ЕСМ во долгови од 200 милиони евра, Мицкоски го мести бизнисот за увоз на струја
    • Дел од Волково денеска ќе остане пет часа без струја
    • Денеска е Велики Вторник: Денот на последната Христова проповед и опомените за Страшниот суд
    • Македонска делегација во Вашингтон: По четири години пауза, продолжува Стратешкиот дијалог со САД
    • Мицкоски во Аеродром: Почнува реконструкцијата на 19 улици
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници

    Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници

    07.04.2026 во 09:492 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во дебатната емисија „Топ тема“ предупреди на сериозниот ценовен шок и растот на трошоците за живот, обвинувајќи ја Владата дека доцни со навремени и ефикасни мерки за справување со економската криза.

    „Пет земји членки на Европската Унија сакаат да предложат данок на екстрадобивка за енергетските компании. А кај нас, кога зборуваме за основните прехранбени производи, сме шампиони, бидејќи имаме енормно покачување на цените. Имаме зголемување на лебот од 34 на 47,5 денари, зејтинот од 77,5 на 110 денари, јајцата од 220 на 290 денари, лимонот од 99 на 155 денари, а зелката од 19 на 55 денари. Зошто не се замрзнат цените и не се укине ДДВ-то?“, потенцираше Лукаревска.

    Таа нагласи дека наместо да се најдат соодветни решенија и стратегии, има само импровизација.

    „Значи, не се менаџира тој процес соодветно и затоа сега имаме енормно зголемување на цените, особено во пресрет на велигденските празници“, појасни Лукаревска.

    Во однос на мерките, Лукаревска истакна дека Владата реагира задоцнето и без јасна стратегија.

    „Дали се доволни тие мерки? Не. Дали се навремени? Не. Дали даваат одредена предвидливост? Не. Мислам дека се сеќава и јавноста и граѓаните дека СДСМ предложи неколку антикризни мерки кои сега се на дневен ред во Собранието. Значи, имаме три закони кои се на седница во Собранието во среда“, посочи Лукаревска.

    Станува збор за законски решенија за намалување на ДДВ, намалување на акцизите и намалување на патарините, мерки кои директно ќе влијаат врз намалување на трошоците на граѓаните и компаниите.

    „Овие мерки на СДСМ, максимално коректно таргетирани, особено во делот на основните прехранбени производи, ќе ја покажат својата ефективност ако владејачкото мнозинство во вакво тешко време да покаже желба“, рече Лукаревска.

    Популарно

    Лукаревска: Ценовен шок за велигденските празници

    07.04.2026 во 09:49

    ВМРО-ДПМНЕ: Земал ли Заев 4 милиони евра мито за „бетонската џунгла“ во Тетово

    07.04.2026 во 09:48

    Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп и висок функционер од Националниот совет за енергетска доминација на САД

    07.04.2026 во 09:39

    СДСМ: ЕСМ во долгови од 200 милиони евра, Мицкоски го мести бизнисот за увоз на струја

    07.04.2026 во 09:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.