Close Menu
Press24
    Најново

    Утре ќе нема струја до 14 часот – од електродистрибуција најавија исклучувања во повеќе општини

    23.09.2026 во 11:37

    Нема веќе боледувања на плажа во Грција – Полицијата се вклучува во контролите

    23.09.2026 во 12:05

    Јаневска: Идејата е учениците да бидат во училиште од 8 до 16:30 часот

    23.09.2026 во 10:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Герасимовски: Да се сплотиме, да се исправиме и да покажеме дека СДСМ има сила да оди напред
    • Муцунски во Њујорк оствари средба со британската пратеничка Карен Пирс
    • Крвав инцидент во Скопје: Со остар предмет нападнал сосед, неговата сопруга и сосетка
    • Вдовицата на Саша Поповиќ: „Ме заборавија од сцената, знам многу работи, ќе раскажам сè“
    • Кичево: Брат си го пријавил братот во полиција
    • Измерени 9 степени во 17 часот во Македонија – еве каде беше најтопло
    • Тошковски на конференцијата „Безбедност 2030“ во Охрид: Безбедносните предизвици не се решаваат со стари методи
    •  Во недела е тежок празник и строг пост
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Љутков: Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

    Љутков: Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

    29.05.2026 во 10:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Скопје беше отворен 4. Форум за културна дипломатија „Скопје 2026“, кој годинава се одржа на тема „Од крстопати кон поврзувања: Културната дипломатија и иднината на глобалниот дијалог“.

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков се обрати на тематската сесија „Визија за иднината: Скопје 2028 и моќта на креативноста“, што се одржа во Музејот на Град Скопје, при што ја истакна улогата на културата како суштински двигател на современото општество и како еден од најсилните инструменти на културната дипломатија.

    „Културната дипломатија создава простор во кој државите не комуницираат само како политички субјекти, туку како цивилизации со сопствена меморија, етика и креативна визија. Токму низ таа призма треба да се разбере значењето на титулата Скопје – Европска престолнина на културата за 2028 година“, истакна Љутков.

    Министерот нагласи дека Европа денес има потреба од градови што умеат да артикулираат визија за заеднички живот и кои културата ја претвораат во јавна вредност, а различноста во општествен капитал.

    Осврнувајќи се на потенцијалот на Скопје, Љутков посочи дека градот претставува редок простор на повеќеслојна културна и цивилизациска комуникација, чија автентичност произлегува токму од неговата сложеност и способноста да создава дијалог меѓу различни традиции, идентитети и искуства.

    Во своето обраќање министерот се осврна и на заложбите за ревитализациј а и отворање на културното наследство кон јавноста, посочувајќи ги Скопското Кале, Скопскиот аквадукт и археолошкиот локалитет Скупи како значајни простори што ќе бидат дел од новиот културен развој на градот.

    „Вистинскиот успех на Скопје 2028 нема да се мери само преку бројот на посетители, изложби или настани. Ќе се мери преку тоа дали Скопје успеало да создаде нов модел на културна комуникација и дали културата ќе стане долгорочна општествена стратегија“, порача Љутков.

    Тој додаде дека градовите што инвестираат во култура инвестираат во сопствената интелектуална иднина, а културната дипломатија претставува процес преку кој една заедница станува препознатлива по своите вредности, идеи и начинот на комуникација со светот.

    Министерот изрази уверување дека Скопје 2028 ќе претставува креативен момент во кој главниот град ќе ја претвори културата во свој најсилен дипломатски јазик, своја најпрепознатлива европска биографија и своја најдолготрајна иднина.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: Да се сплотиме, да се исправиме и да покажеме дека СДСМ има сила да оди напред

    24.09.2026 во 21:03

    Муцунски во Њујорк оствари средба со британската пратеничка Карен Пирс

    24.09.2026 во 20:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.