Close Menu
Press24
    Најново

    Земјотрес ја погоди Србија

    29.10.2026 во 22:57

    Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора

    29.10.2026 во 22:56

    Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен

    29.10.2026 во 22:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Бројот на жртвите од железничката несреќа во Шпанија се искачи на 74, истрагата ги утврдува причините
    • Ја бранел ќерка си од бившиот партнер, па завршил избоден – хорор во соседството
    • Почина легендарниот актер Патрик Стјуарт
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Љутков од Разловци: Предолго живеевме со страв да не навредиме некого ако се сакаме себеси

    Љутков од Разловци: Предолго живеевме со страв да не навредиме некого ако се сакаме себеси

    19.05.2026 во 15:05Updated:19.05.2026 во 15:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Македонија предолго живееше со страв да не навреди некого ако се сака себеси“, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание во с. Разловци.

    На свеченоста по повод јубилејот, министерот истакна дека Разловци претставува „највисок пантеон на македонскиот опстој“ и симбол на непокорот што, како што рече, „никој не успеал да го замолчи“.

    Во своето обраќање, министерот нагласи дека Разловечкото востание од 1876 година е еден од темелите на македонската борба за слобода и државност, оценувајќи дека токму овде „македонскиот народ го разгорел жарот што подоцна прераснал во силен ослободителен бран низ цела Македонија“.

    „Јунаците од Разловци не ја победија Империјата, но ја победија тишината, а тишината е најстрашната форма на ропство“, рече Љутков, додавајќи дека малите, на прв поглед „неуспешни“ востанија, се искрите од кои се раѓаат големите слободи.

    Љутков додаде дека Министерството за култура и туризам издвои околу 25 милиони денари за целосна реконструкција на Спомен-домот на Разловечкото востание, а е изработена и комплетно нова историска поставка, која преку фотографии и артефакти ја раскажува приказната за Востанието. Тој додаде дека сето ова е особено значајно за зачувување на историската меморија затоа што, како што нагласи: „секој обновен споменик, секоја зачувана приказна и секое спомнато име на разловечките јунаци претставува тивок, но моќен отпор против заборавот“.

    На крајот тој им оддаде почит на Димитар Поп Георгиев Беровски, Поп Стојан Карастоилов, Илија Марков-Дедо Иљо Малешевски, Никола Скрижовски и на сите познати и непознати учесници во Разловечкото востание, оценувајќи дека нивното дело ќе остане вечен извор на македонскиот непокор, достоинство и стремеж кон слободата.

    Прочитај повеќе

    Андоновски: Во 2027 година се очекува поставување на камен-темелникот за Националниот дата центар

    29.10.2026 во 20:46

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.