Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Љубоморна сум што неговиот син е до него, а мојот никогаш нема да се врати“: Потресно сведоштво на мајка за трагедијата во „Пулс“

    „Љубоморна сум што неговиот син е до него, а мојот никогаш нема да се врати“: Потресно сведоштво на мајка за трагедијата во „Пулс“

    29.12.2025 во 12:10Updated:29.12.2025 во 12:341 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во судницата во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кочаниската дискотека „Пулс“, каде свои искази дадоа законските застапници на оштетените. Највпечатливо беше сведочењето на мајката на 24-годишниот Андреј Петрушев, кој загина во кобната ноќ на 16 март.

    Таа пред судот ја опиша својата болка, нагласувајќи дека нејзиниот син бил повикан на испомош во „Пулс“ од сопственикот Дејан Јованов само неколку часа пред трагедијата. Иако бил уморен по смената во ресторан каде работел, Андреј сепак отишол во дискотеката.

    „Сега дури сум љубоморна на една личност, што е најодговорна за тоа што се случи, што неговиот син е покрај него, а мојот никогаш нема да се врати“, изјави мајката, алудирајќи на првообвинетиот Јованов и неговиот син кој е исто така обвинет.

    Мајката детално го опиша ужасот во болницата во Кочани и негирањето на реалноста кога го видела телото на својот син кое немало видливи изгореници. Таа додаде дека нејзиниот преживеан син, Кристијан, до денес се бори со тешки трауми и кошмари, обвинувајќи се себеси што не успеал да го извлече брат си од огнот.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.