Ливерпул договори уште едно засилување

Ливерпул договори уште едно ново засилување. Тимот од Мерсисајд ја затворија зделката за Исмаил Сар, иако пред неколку дена го зедоа Диого Жота од Вулверхемптон.

„Црвените“ беа заинтересирани за репрезентативецот на Сенегал пред тој да се приклучи на Ватфорд минатото лето за 30 милиони фунти, и оттогаш беа поврзувани со крилниот напаѓач.

Со преземањето на Жота се очекуваше да згасне нивниот интерес за Сар, но Јирген Клоп се уште го посакува 22-годишниот фудбалер, според Франс Фудбал.

Според изданието, Ливерпул направил чекор напред во преговорите и се договорил со Ватфорд, откако тимот ќе плати помеѓу 32 и 36 милиони фунти.

На почетокот на летово, Сар јасно стави до знаење дека сака да се приклучи на Ливерпул, каде може да се обедини со „големиот брат“ Садио Мане.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 22:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега