Ликвидација срде центар на Тирана: Убиен нарко бос- пукале во него од автомобил во движење

Утрово во центарот на Тирана беше убиен 66-годишен маж, за кој медиумите наведоа дека е познат нарко бос.

Тој бил застрелан од огнено оружје со пригушувач на звук, а според АБЦ Албанија, тоа е Бехар Суло Софија кој и е добро познат на полицијата по своите криминални активности.

Тој беше уапсен пред неколку години за шверц на десетици килограми дрога од Турција во Албанија и беше инволвиран во инцидент во Драч во 2009 година, во кој беа убиени четворица полицајци.

Полицијата тврди дека неговото убиство било добро организирано и се претпоставува дека убијците пукале од автомобил во движење.

Истрагата е во тек, а полицијата ги разгледува камерите за надзор поставени во областа каде што тој беше убиен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.02.2021 - 13:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа