Close Menu
Press24
    Најново

    Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија

    28.10.2026 во 15:59

    Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС

    28.10.2026 во 15:49

    Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

    28.10.2026 во 15:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Поранешна министерка загина во железничката несреќа во Шпанија
    • Закана од терористички напад – Заканувачка порака испратена на е-маил на Народното собрание на РС
    • Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија
    • Кривична пријава за директорот на ЈКП „Брегалница“ од Делчево: Злоупотребил службена положба за слободни денови на вработена
    • Велес: Автомобил излетал од пат, па се забил во дрво
    • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
    • Кражба во охридски хостел: Египќанец украл телефон и пари од гости, па приведен на автопатот Тетово – Скопје
    • Мицкоски: Сите потврдија дека сме земја со најголем раст во регионот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк

    Левица: Студентите ќе ја тужат Јаневска, МОН мора да го покачи студентскиот оброк

    24.10.2026 во 11:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На денешната прес-конференција, генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева, посочи дека Министерството за образование и наука, предводено од министерката Весна Јаневска, продолжува да го оневозможува остварувањето на законското право на студентски оброк. 

    Ванчева открива дека, откако група студенти поднесоа приговор со барање да се почитува законски предвидениот износ и да им биде надоместена финансиската штета настаната поради неусогласувањето на оброкот, МОН одговори со паушален одговор, наместо да донесе управен акт со кој суштински ќе одлучи по барањето.

    Со ваквиот пристап, Јаневска избегнува да се соочи со суштината на приговорот и продолжува да го одржува студентскиот оброк на износ од 140 денари, и покрај барањето на студентите да се испочитува законската обврска. Наместо аргументирано да одлучи за барањето и да ја преземе одговорноста за постапувањето на институцијата, МОН избира административно одбегнување на проблемот.

    Студентскиот оброк не е привилегија што министерката може да ја доделува по сопствена волја, туку законско лично право на секој студент. Ниту министерката, ниту студентските организации што таа ги претпочита, ниту која било друга група не можат да одлучуваат во име на сите студенти дали ќе ги остварат правата што им следуваат со закон. 

    Правото на секој студент мора да се почитува поединечно, а не да се релативизира преку договори и ставови на избрани претставници.
    Затоа, најавуваме тужба до Управниот суд и претставка до Народниот правобранител, со цел да се испита постапувањето на МОН и да се заштитат законските права на студентите.

    Црвена младина нема да дозволи законските права на студентите да зависат од волјата на министерката. Кога институциите одбиваат да постапуваат согласно законот, студентите имаат право да побараат заштита пред надлежните органи. Законот важи за сите, а студентските права не се предмет на политичка самоволност, додаде генералниот секретар на Црвена Младина, Марија Ванчева.

    Прочитај повеќе

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42

    Филипче: Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас

    28.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.