Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица по седницата на Уставен: Утврдена нееднаквоста, но нема одлука

    Левица по седницата на Уставен: Утврдена нееднаквоста, но нема одлука

    09.07.2026 во 09:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    На седница на Уставниот суд беше разгледувана иницијативата поднесена од Левица за оценување на уставноста на одредбите од Изборниот законик, за кои партијата тврди дека ѝ го ограничуваат правото за време на изборна кампања да се рекламира на телевизии, радија, интернет-портали и билборди.

    Од Левица информираат дека поради недоволен број гласови не била донесена одлука, а предметот останува отворен.

    „Расправата ја откри неспорната вистина за која и дел од уставните судии се согласија – дека постои нееднаков третман и дискриминација врз Левица“, наведуваат од партијата.

    Од Левица посочуваат дека дел од судиите укажале оти политичкиот плурализам не може да постои без еднакви услови за политички натпревар.

    „Нееднаквиот третман не завршува со ограничување на медиумскиот простор, туку директно влијае врз самиот изборен резултат. Изборниот исход не може да се смета за објективен ако уште во првата фаза од изборниот процес еден учесник е ставен во нерамноправна положба“, стои во соопштението.

    Од партијата велат дека било посочено и дека фактот што за ова прашање се одлучувало во 2023 година не значи дека тогашната одлука треба автоматски да се повтори, бидејќи постојат нови околности.

    „Еднаквоста мора да постои во целиот изборен процес, а не само на денот на гласањето“, наведуваат од Левица.

    Во соопштението партијата упатува критики кон дел од уставните судии кои, според нив, останале на ставот од претходната одлука.

    „Наместо да ја преиспитаат претходната позиција во светло на новите факти, тие избраа да ја бранат сопствената непогрешливост“, велат од Левица.

    Од партијата додаваат дека Уставниот суд треба да ја оценува усогласеноста на законите со Уставот, а не политичките последици од своите одлуки.

    „Уставниот суд не смее да биде институција што ја конзервира неправдата“, порачаа од Левица.

    Just In
    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.