Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен 27-годишник во Белград: Истурил запалива течност и предизвикал пожар во угостителски објект
    • Дојава за бомба и експлозиви во училишен ранец во Средношколскиот центар во Требиње
    • Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност
    • Нови детали за смртта на Марија: Го завиткал телото во ќебе и го однел во пештера
    • Полска ја зајакнува одбраната: Системи „Патриот“ се упатуваат кон границата со Украина, се формираат нови воени единици
    • Обвинет вработен во познат синџир на супермаркети: Направил штета од 26.000 евра давајќи попуст на купувачи
    • Пратил пушка по брза пошта, таа испукала од пакетот и го повредила поштарот – Бизарен случај во Требиње
    • СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Невиден апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

    Левица: Невиден апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

    13.09.2026 во 11:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Откако со инсистирање се дозна дека прославата на 35 години независност чинела повеќе од 300 милиони денари од Државна лотарија, Владата се обидува да ја спаси приказната со евтина семантичка измама за 0 денари трошок. Директорот Александар Климовски отиде и чекор подалеку, објаснувајќи дека тоа биле пари на компанијата и дека буџетски ќе станеле дури откако добивката би била уплатена во трезорот. Но, и Државниот завод за ревизија е кристално јасен и вели: Државна лотарија е друштво во целосна сопственост на државата, основано од Владата, а сите 45.000 акции ги поседува Република Македонија. ДЗР во ревизорските извештаи средствата на друштвото повеќепати експлицитно ги квалификува како јавни средства, велат од Левица.

    Владата е контрадикторна сама на себе бидејќи признава дека токму таа на 28 април ѝ укажала на Лотарија да обезбеди 300 милиони денари од нераспределената добивка за 2024 година за прославата, а потоа истата Влада се однесува како да нема никаква врска со потрошените пари. Член 483 од Законот за трговските друштва предвидува дека за распоредувањето на добивката одлучува Собранието и дека во одлуката се прикажува секоја поединечна намена, вклучително и преносот на добивката во наредната година. Оттука, каде е одлуката со која добивката за 2024 е распоредена и оставена како нераспределена или акумулирана, а потоа каде е актот врз чија основа дури 300 милиони денари од тие средства се насочени кон оваа прослава?

    Во ревидираниот Биланс на успех на Државна лотарија за 2024 година е прикажана добивка од 547,54 милиони денари, што значи дека средствата од 300 милиони денари наменети за оваа прослава се еквивалентни на повеќе од половина од целата прикажана годишна добивка. Истовремено, ДЗР утврдил дека во цела 2024 година Лотарија исплатила 70,599 милиони денари за сите спонзорства,а оваа операција е повеќе од четирикратно поголема од целокупниот годишен износ за спонзорства во годината од која наводно потекнуваат парите.

    А има уште една причина зошто јавноста не смее да прифати ништо на доверба. Имено, ДЗР веќе ја има компромитирано практиката на самата Лотарија токму во областа на спонзорствата. При ревизијата за 2024 година е утврдено дека друштвото немало интерен правилник со прецизно дефинирани критериуми според кои се определува висината на спонзорствата и донациите, што според ревизорите овозможувало субјективно одлучување, не биле доставувани сите задолжителни извештаи до УЈП, недостасувале извештаи од приматели за начинот на користење на средствата, а за дел од исплатите не бил потврден јавниот интерес согласно предвидената постапка. ДЗР поради ваквата состојба заклучил дека не се обезбедува уверување дека средствата се распределуваат и користат на најдобар можен начин.

    Значи, Државна лотарија е доволно државна за Владата да ѝ нареди каде да насочи 300 милиони денари, но штом ќе дојде ред да се даде отчет, одеднаш сакаат да ја претстават како приватно дуќанче што нема врска со граѓаните. Не, тие средства можеби во тој момент не биле директен расход од централниот Буџет, но од тоа не стануваат приватни, ниту исчезнува државната сопственост, јавниот интерес, ниту пак обврската за законито и рационално располагање со нив. 
    Затоа бараме и веднаш да се објават одлуката за распоредување на добивката за 2024 година, актот со кој 300 милиони денари се определени за прославата, одлуките на надлежните органи на Лотарија, важечкиот правилник за спонзорства и целосната финансиска документација. 

    Пет милиони евра не престануваат да бидат јавна работа и државен капитал само затоа што ДПМНЕ решило зборот ‘државна’ во Државна лотарија да го чита само кога му одговара за тесно-партиски интереси, додаваат од партијата.

    Прочитај повеќе

    Божиновска во Белград на Вториот министерски самит: Фокус на Вертикалниот гасен коридор и енергетската сигурност

    06.10.2026 во 18:52

    СДСМ: Груби излегува, што ќе каже сега арамијата-пак СДСМ се криви?

    06.10.2026 во 17:45
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.