Close Menu
Press24
    Најново

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Владимир Путин го нарече Илон Маск „вистински гениј“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Кој дозволи загадената вода во Гостивар двапати да биде прогласена за безбедна?

    Левица: Кој дозволи загадената вода во Гостивар двапати да биде прогласена за безбедна?

    14.08.2026 во 09:262 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Левица бара одговорност за институциите кои, како што велат од партијата, дале уверувања дека водата во Гостивар е безбедна, иако подоцна се утврдило дека водоснабдителниот систем бил контаминиран.

    Од Левица посочуваат дека на 29 јуни Центарот за јавно здравје Тетово издал стручно мислење според кое водата ги исполнува законските и стручните услови. Според партијата, во тој период веќе биле поставени спорните пумпи и загадена вода влегувала во системот.

    „На 13 јули следува уште едно зелено светло дека водата е безбедна. Само еден ден потоа почнува масовниот прилив на луѓе со дијареја, повраќање, температура и истоштеност“, наведуваат од Левица.

    Од партијата прашуваат како биле земени и обработени мострите врз основа на кои водата била прогласена за исправна.

    „Наместо итни разрешувања, суспензии, дисциплински постапки и внатрешна ревизија, до последниот лабораториски запис се молчи. Никој јавно не објасни кој ја зел мострата, од која точка, во кој час, како била транспортирана, кои параметри биле испитани и кој ги верификувал резултатите“, велат од Левица.

    Од партијата сметаат дека одговорноста не може да се бара само во ЦЈЗ Тетово, туку и во поширокиот систем на јавно здравство.

    „Институтот за јавно здравје не може да се сокрие зад ЦЈЗ Тетово како зад туѓа институција. Стручната работа на центрите за јавно здравје ја координира токму Институтот за јавно здравје“, се наведува во соопштението.

    Левица го повикува и министерот за здравство Арбен Таравари да одговори зошто, како што велат, не е иницирано утврдување одговорност за раководството на институцијата која двапати издала мислење дека водата е безбедна.

    „Прашањето повеќе не е само што знаеле надлежните, туку што презеле откако се појавија двата спорни извештаи од 29 јуни и 13 јули“, велат од партијата.

    Од Левица бараат да се утврди личната одговорност на сите лица кои учествувале во изготвувањето, одобрувањето и надзорот на извештаите, како и да се преземат мерки против раководните лица во институциите за кои ќе се утврди дека потфрлиле.

    „Додека тоа не се случи, секое уверување дека системот функционира е неубедливо“, порачуваат од Левица.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    СДСМ со остри критики кон Мицкоски: Како ќе гради добри односи со српските студенти по блиските врски со Вучиќ?

    28.10.2026 во 17:56

    Студентите на средба со премиерот и министерката Јаневска

    28.10.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.