Левица: Груби ќе увезува работна сила за потребите на „Бехтел и Енка” - филибастерингот продолжува

 

Во денешната изјава за медиумите, Артан Груби потврди дека доколку нема работници да работат 60 часа на Коридорот 8, таа ќе се увезува од странство. Владата неодамна излезе со став дека поради недостаток на работна сила ќе мора да увезува работници од Бангладеш, Непал и Пакистан, наместо да ја унапреди положбата на работниците. Вакви пораки праќаат од Левица во соопштение испратено до медиумите.

„Се поочигледно е дека законските измени на ЗРО и увозот на работна сила од странство е параван за обезбедување на работна сила за потребите на “Бехтел и Енка”, која плашејќи се од недостаток на работна сила под робовладетелски услови на домашниот пазар, побрза да ја уцени Владата со обезбедување на работна сила со увоз на работници од други држави.

За овие скандалозни измени, пратениците на Левица поднесоа 1.111 амандмани, по што вчерашната седница на Комисија за труд беше одложена. Денес продолжи седницата на Комисијата која е блокирана токму поради филибастерингот на Левица.

Повеќе од јасно е дека сите отстапки и законски измени кои што оваа ненародна Влада ги прави за потребите на “Бехтел и Енка” не се за доброто на државата, народот и националните интереси, туку за сопствен бенефит и затоа Левица со сите сили ќе ги спречи овие закони“, се вели во соопштението на Левица испратено до медиумите.

12.04.2023 - 15:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега