Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • МВР откри катастрофа во јавниот превоз – секој 4ти автобус неисправен
    • Николоски: Визија е да создадеме интегриран еколошки јавен превоз со Градски воз, електричните автобуси, БРТ и меѓуградската железница за да го намалиме аерозагадувањето
    • Мицкоски: Околу 25 милиони евра од Буџетот се пренасочени кон општините за капитални проекти
    • Мицкоски: Растот ќе биде меѓу 3,5 и 4 отсто
    • ТАВ Аеродроми: Македонските аеродроми продолжуваат да рушат рекорди
    • Путин слави роденден, Кремљ открива како ќе го помине денот
    • „Зошто проговори дури сега?“ – ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Филипче за 37-те милиони евра
    • Николоски: Владата на СДСМ со Бугарија договараше продажба на 5 приватни компании
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Цените на становите одат во плафон, власта молчи

    Левица: Цените на становите одат во плафон, власта молчи

    10.07.2026 во 10:113 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Според најновите податоци на Народната банка, цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава пораснаа за дополнителни 13,3% на годишно ниво. Трендот на вештачко пумпање на цените продолжува со уште позабрзано темпо, додека институциите не прават ништо за да ги заштитат граѓаните, пишува во денешното соопштение.

    -Ситуацијата се случува во реалност каде што македонскиот работник е официјално најниско платениот работник во цела Европа, со убедливо најниска минимална и најниска просечна плата на континентот. Како може еден обичен човек, кој работи за трошки, да си дозволи сопствен дом? Во услови кога имаме континуиран пад на индустриското и на земјоделското производство, економијата тоне, а цените на недвижностите одат во плафон, граѓаните се ставени во безизлезна депресија и сѐ потешко, речиси никогаш, не можат да се одлучат за купување стан. Зошто е ова вака? Сведоци сме на јавна тајна која сите ја знаат, луѓето на клучните позиции во институциите задолжени за оваа индустрија се во директни, тесни врски со големиот градежен бизнис. И во таков сетап, на дело имаме криминални и коруптивни дилови под маса. Се местат детални урбанистички планови, се купуваат дозволи во четири очи и намерно се држи монопол на пазарот, за профитот да оди кај неколку моќници, велат од Левица.

    Додаваат дека единствено и итно решение за овој хаос е Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор да престане да биде партиски центар за вработување и да почне масовно да гради станови! Државата мора да влезе како главен играч на пазарот и со реални, нормални цени на државните станови да го принуди приватниот сектор да ги спушти цените на земја.

    -Заедно со ова, Обвинителството, Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Управата за јавни приходи (УЈП) и градежните инспекторати мора конечно да почнат да функционираат онака како што се законски замислени. Потребна е жестока контрола на потеклото на парите во градежништвото, чистење на корупцијата во инспекциите и крај за неконтролираното урбанистичко дивеење. И секогаш кога власта ќе сака да аргументира со некакви измислени приказни дека животниот стандард расте, а всушност, на народот му е доволно да погледне во сопствениот празен џеб и да ги види цените по метар квадратен кои станаа повисоки од оние во развиените европски земји со десеткратно поголеми плати од нашите. Со вакво коруптивно управување и свесно слепило од страна на надлежните, граѓаните се осудени на вечен кираџиски живот или на трајно иселување од Македонија. На профитерските пазарлаци со правото на дом мора да им се стави крај и државата мора конечно да ги преземе конците во свои раце за доброто на сопствениот народ!, велат Левица.

    Just In
    Прочитај повеќе

    „Зошто проговори дури сега?“ – ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Филипче за 37-те милиони евра

    07.10.2026 во 11:34

    Николоски: Владата на СДСМ со Бугарија договараше продажба на 5 приватни компании

    07.10.2026 во 11:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.