Close Menu
Press24
    Најново

    Интервентна полиција во акција: Фатен скопјанец, ќе лежи со години во затвор

    17.09.2026 во 08:53

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стефковски: Граѓаните на Гази Баба добиваат полесен пристап до административни услуги
    • Николовска до Ленче Ристоска: Бевте десна рака на Катица Јанева во СЈО, апсолутно ништо не испорачавте
    • Инспекторите прават парче во Центар: Казнети четири градилишта со 1.800 евра – не ги почитувале правилата
    • Итен апел од германските власти: Внимавајте на симптомите, маларијата се шири во близина на аеродромот во Франкфурт
    • (ВИДЕО) Манасиевски: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството
    • (ВИДЕО) Цветановски: Странски инвестиции од само 18 милиони евра – со Мицкоски тонеме
    • Германците бесни: Литар бензин надмина 3 евра, а разликата за полн резервоар е до 70 евра
    • Јавноста се вклучува во исцртувањето на иднината
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Левица: Ако за нешто треба да се кршат копја тоа е една изборна единица, а не електронско гласање на дијаспората

    Левица: Ако за нешто треба да се кршат копја тоа е една изборна единица, а не електронско гласање на дијаспората

    05.07.2026 во 12:273 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Не се точни изјавите на Мицкоски дека нашите барања во Работната група за измена на Изборниот законик биле целосно прифатени. Напротив, нашите барања беа пред сѐ, една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање и беа одбиени. Во текот на целиот процес за подготовка на Изборниот законик во Работната група, Левица беше конструктивна, целеше кон консензус и имплементирање на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, велат од Левица.

    Една изборна единица и нов Изборен законик беше причината поради која Работната група воопшто беше формирана. Една изборна единица не е ново барање на Левица измислено преку ноќ, за неа се говори со децении. Таа стои запишана дури и во партиската програма на ДПМНЕ. Пред само една година, Мицкоски лично апелираше за нејзино имплементирање како вистинска демократска реформа. Денес, истата таа идеја не само што ја нема во предложениот текст на законикот, туку целосно исчезна и од речникот на ДПМНЕ. Наместо реформа што обезбедува вреднување на секој глас, јавноста се занимава со тема која вчера не постоеше, а денес одеднаш е претставена како предуслов без кој нема изборни реформи и демократија – електронско гласање на дијаспората.

    Најголемата измама на која ДПМНЕ инсистира е дека електронското гласање на дијаспората е најважното прашање за македонската демократија. Не е и никогаш не било. Тоа не е препорака на ОБСЕ/ОДИХР, не беше ветувано, ниту пак беше причина за формирање на Работната група. Тоа прашање беше вметнато буквално на самиот финиш на работата на Работната група и нешто за кое не се постигна консензус.

    Сега, во предложениот текст на Изборниот законик на ДПМНЕ и ДУИ содржани се решенија за кои никогаш не беше постигнат консензус. Во текстот се вградени политичките условувања на ДПМНЕ, додека се исфрлени дури и оние решенија околу кои се изгради консензус. Типично за нив, наместо консензуален процес, добивме едностран политички диктат.

    За една изборна единица во Работната група изговорот беше дека било преголем чекор, а денес немаат никаков проблем да инсистираат на целосно нов начин на гласање и тоа само за дијаспората. Промена на изборниот модел е наводно невозможна, ама промена на начинот на остварување на избирачкото право одеднаш е приоритет број еден.

    Вистината е многу поедноставна. Една изборна единица не им одговара. Таа го руши комфорот на поголемите партии, го намалува ефектот од изборниот инженеринг и создава поправеден политички натпревар.

    Оттука, ако веќе постојат црвени линии, тогаш тие треба да се повлечат околу правилата што ќе создадат поправеден изборен натпревар, а не околу изговорите што ќе го зачуваат постојниот систем. Денес тие го бранат и унапредуваат системот што три децении им овозможува нив, на истите партии, да ги пишуваат правилата за заштита на својот комодитет, а ние бараме една изборна единица и пофер медиумски простор за политичко рекламирање, додаваат од Левица.

    Прочитај повеќе

    Николовска до Ленче Ристоска: Бевте десна рака на Катица Јанева во СЈО, апсолутно ништо не испорачавте

    17.09.2026 во 12:45

    (ВИДЕО) Манасиевски: СДС и ДУИ го создадоа и партизираа правосудството

    17.09.2026 во 12:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.