Close Menu
Press24
    Најново

    Лекарска комора ги додели годишните признанија и награди

    08.06.2026 во 17:27

    МП: Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство

    08.06.2026 во 17:14

    Страшна трагедија во соседството: Се удавија две деца

    08.06.2026 во 16:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лекарска комора ги додели годишните признанија и награди
    • МП: Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство
    • Страшна трагедија во соседството: Се удавија две деца
    • Историски удар на нарко-пазарот: Запленет речиси еден тон хероин вреден 52 милиони евра
    • УХМР алармира за невреме: Пороен дожд, грмежи и суградица во Охрид, Крушево и Македонски Брод
    • Стартува четиримесечно скенирање на македонските болници: Алиу најави реформи насочени кон пациентите
    • Голема полициска акција: Приведени 15 возачи низ Македонија
    • Судење за пожарот во „Пулс“: Документите за контроли во Кочани биле со лажни потписи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лекарска комора ги додели годишните признанија и награди

    Лекарска комора ги додели годишните признанија и награди

    08.06.2026 во 17:274 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Домот на културата во Кавадарци се одржа свечена манифестација по повод одбележувањето на 34 години од основањето на Лекарска комора на Република Северна Македонија. На настанот присуствуваа високи претставници на здравствените и образовните институции меѓу кои заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, директорот на Фондот за здравствено осигурување д-р Сашо Клековски, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, деканите на медицинските факултети, претставници на стручните комори, како и бројни доктори и гости.

    Во своето обраќање, претседателката на Лекарска комора, проф. д-р Калина Гривчева Старделова, се осврна на активностите на Комората меѓу две годишнини, нагласувајќи дека изминатиот период беше исполнет со интензивна работа и стратешки активности на домашен и меѓународен план. Како клучен успех во изминатата година беше потенцирано полноправното членство на Лекарска комора во Европскиот совет на лекарски комори, остварено во март годинава, што овозможува директно усогласување со европските медицински стандарди и зајакнување на гласот на македонските лекари во Европа.

    По однос на внатрешните предизвици, претседателката јавно укажа на сериозните структурни аномалии со кои се соочува македонското здравство, пред сè со хроничниот дефицит на доктори во одредени градови и специјалности што доведува до преоптовареност на клиниките и болниците во Скопје, додека капацитетите во внатрешноста остануваат недоволно искористени. Во своето излагање таа упати јасен апел до надлежните институции.

    „Комората доставува барања и предлози, но ја нема моќта овие предлози да ги имплементира во пракса, бидејќи тоа го можат единствено креаторите на здравствените политики, а  токму тие треба да покажат поголемо разбирање за суштинските барања на Комората затоа што докторите се најважниот ресурс во здравствениот систем и поседуваат стручно знаење и искуство за да поттикнат позитивни промени. Затоа, сметаме, дека во наредниот период треба суштински да се зајакне институционалниот дијалог со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, за реално да може да се спроведат вистински реформи“, истакна проф. д-р Старделова Гривчева.

    Заменик-претседателот на Комората, доц. д-р Беким Исмаили, потенцираше дека Комората повеќе од три децении претставува столб на професионализмот, медицинската етика и континуираниот развој на здравствената дејност во нашата земја.

    „Во изминатите 34 години, Лекарската комора одигра клучна улога во заштитата на интегритетот на лекарската професија, во унапредувањето на високите професионални стандарди и во поддршката на континуираната медицинска едукација. Благодарение на посветеноста и трудот на генерации лекари и здравствени работници, изградивме институција која ужива доверба и почит, како меѓу своите членови, така и во пошироката јавност“, рече доц. д-р Исмаили.

    Во свечениот дел од настанот беа доделени годишните награди и признанија на истакнати поединци. Највисокото признание на Комората, наградата „Св. Наум Охридски“ за особени остварувања во областа на здравството му припадна на д-р Мевљудин Куч, а во негово име наградата ја прими неговиот син, д-р Златан Куч. Наградата „Примариус д-р Димитар Ивановски“ за тројцата студенти по медицина со највисок просек ја примија Стеван Богданов од Медицинскиот факултет од Скопје, Александар Величков од Факултетот за медицински науки од Штип и Ерда Алиу од Факултетот за медицински науки од Тетово. Плакетата за најдобар научен труд објавен во официјалното гласило „Vox Medici“ им беше доделена на авторите Шкелќим Мухареми, Ѓулшен Селим, Лилјана Тозија, Јетмир Зиба, Никола Ѓорѓиевски, Игор Николов, Реџеп Селмани и Ванѓелка Коваческа Шавреска, за нивниот труд за дијагностичкиот предизвик кај хантавирусна инфекција.

    Комората додели и благодарници за новинари и медиуми кои преку своите емисии посветени на здравството придонесуваат за подигнување на здравствената култура на населението. Признанија добија Билјана Дебарлиева („Фактор здравје“ – ТВ24), Севдије Метај („Про вита“ – МРТ2), Александар Динев и Сања Димитровска („Добриот доктор“ – Сител), Марија Атанасовска („Телма амбуланта“ – Телма), како и Арѓира Елмази и Арта Сефадини („Огледало на здравјето“ – Алсат М). Посебна благодарница му беше врачена на градоначалникот на Кавадарци, Јанчев, за неговата несебична поддршка, посветеност и континуиран придонес во македонското здравство, како и за покровителството на одбележувањето на годишнината на Комората.

     —

    Прочитај повеќе

    МП: Цветановски од ЛДП присуствува на сите средби за реформите во изборното законодавство

    08.06.2026 во 17:14

    УХМР алармира за невреме: Пороен дожд, грмежи и суградица во Охрид, Крушево и Македонски Брод

    08.06.2026 во 16:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.