Лефков: Во Македонија постојано е крив кабелот
„Деталната анализа ќе ви укаже нешто дека нема обвинителни акти за држава која што веќе седум години е владеена од СДСМ и од ДУИ, а имаме еден куп корупциски скандали, а не се отвораат обвиненија. Граѓаните гледаат како скандалите завршуваа во Јавното обвинителство наместо во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во Македонија постојано е крив кабелот. Па така деталната анализа не ни дава многу податоци, туку детално ќе ни укаже дека освен со политички прогон, со друго и не се занимаваше оваа власт“, појасни пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија.
Лефков укажа дека Ахмети има едно објаснување зошто се донесува Кривичниот законик, а од друга страна Артан Груби, Бојан Маричиќ и пратениците од владејачкото мнозинство објаснуваа во Комисијата за европски прашања дека е усогласување со европската регулатива.
Миле Лефков запрашан за интервјуто на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна - „Тоа е интервјуто кое што излезе денеска и е објавено денеска, самото е доволно објаснувачко и произлегува од сите актуелни случувања кои што ја брануваат јавноста. И вие сите го видовте, и само што го споменав и интервјуто на нивниот коалиционен партнер Али Ахмети за ТВ21, во кое што промената на Кривичниот законик беше проследена со политички ставови. Меѓутоа имаме и други сознанија, други сознанија излегоа за средба кај Стево Пендаровски, практично на државниот врв, каде што со Стево Пендаровски се сретнале Ковачевски, Бујар Османи, Груби и други високи претставници на власта каде што се договарале вакви измени на Кривичниот законик. Останува она симптоматично она како ќе го објаснат тоа во Собрание ни стаса и беше претставено на јавноста како усогласување со европската регулатива“.
Лефков рече дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било покохезивно и посплотено како сега. Тоа го виде и целата македонска јавност на 18-ти август кога беше закажана седницата за уставни измени.
„Никогаш ВМРО-ДПМНЕ не било посплотено, а тоа практично и го покажавме на локалните избори. Тоа и го покажуваме секој ден со резултатите кои што ги даваат и градоначалниците и онака како што сме поставени во Собрание. Секогаш работиме во корист на граѓаните“, нагласи тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа