Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Голема пресвртница во 2027 година за еден хороскопски знак – пристигнуваат подобри денови, пари и љубов
    • Афера со лажни испити: Професорка осудена на затвор, студентите полагале само на хартија
    • 58 возачи останаа без возачка, двајца и без возилата – Полицијата правеше чистка
    • Трамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина
    • Историска евакуација: Украинската армија со летачки дрон извлече ранет војник од фронтот
    • Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени
    • Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците
    • На 4 хороскопски знаци расположението им се менува во секунда – еве зошто
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда

    Лефков: Национален дата центар е и обврска од реформската агенда

    30.08.2026 во 12:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ тврди дека изградбата на национален дата-центар е дел од обврските на Македонија во рамки на Реформската агенда со Европската Унија и го обвини лидерот на СДСМ Венко Филипче дека се спротивставува на проект кој е поврзан со европските реформи.

    Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, изјави дека на државата ѝ е потребен примарен национален дата-центар во кој би се чувале податоците на државните институции.

    Според него, Македонија веќе располага со дата-центар во Прилеп, но тој има секундарна улога и служи како резервна локација за чување податоци во случај на проблем или сајбер напад врз системите на институциите.

    „Сега секоја институција наоѓа начин како ќе ги чува своите податоци. Затоа на Македонија ѝ треба основен, примарен, национален дата-систем за чување на сите податоци од сите институции“, изјави Лефков.

    Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека изградбата на национален дата-центар е предвидена во Реформската агенда со ЕУ, при што Унијата обезбедува финансиска поддршка, а Македонија има обврска да го реализира проектот.

    Според Лефков, целта е да се зголеми безбедноста на податоците на државните институции и нивната заштита во случај на сајбер напади.

    Тој го посочи и сајбер нападот врз системот на Фондот за здравствено осигурување во периодот на претходната власт, кога, како што рече, биле нарушени дел од услугите за граѓаните, меѓу кои исплатата на породилно отсуство и повратот на средства за лекови.

    ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла критиките на СДСМ за најавениот развој на дата-центрите и оценува дека станува збор за индустрија која е поврзана со дигитализацијата, безбедноста на податоците и современите технологии.

    „Евидентно е дека СДС се противи на развој на индустрија која значи заштита на личните податоци на секој поединец и заштита на државните податоци“, порача Лефков.

    Прочитај повеќе

    Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 се гарантира опстојот и безбедноста на Македонија

    19.10.2026 во 20:50

    Детали за новите правила за правосуден испит: Шасивари најави консултации со факултетите и студентите

    19.10.2026 во 16:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.