Close Menu
Press24
    Најново

    Познат идентитетот на осомничените за криминал со регистрирање на возила

    03.09.2026 во 12:36

    (ФОТО) Мицкоски на промоција на комуналната опрема: За 26 месеци се изборивме со распаднатите институции и ја задвиживме државата

    03.09.2026 во 12:35

    Познатиот доктор Игор застрелан пред клиниката за ин витро оплодување: Вооружен човек испукал 20 куршуми

    03.09.2026 во 16:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Лефков: Филипче е против развојот на дата центрите, иако и во СДСМ гледаат придобивки за државата
    • Јаневска: Воспоставуваме стабилен систем за спречување на врсничкото насилство
    • Кузеска: Се врати ли Обвинителот од екскурзија и ќе почне ли да ја работи својата работа или ќе чека насоки од Мицкоски
    • Жерновски: Обвинителството не смее да молчи за унгарскиот кредит, да се провери потеклото на парите
    • СДСМ: Осум недели нема одговорност за труењето со водата во Гостивар и за Западнонилската треска
    • Крадел опрема од пругата во Скопје: Приведен 45-годишник, украденото вратено на „Железници“
    • Измерени температурите во 11 часот: Најтопло во Гевгелија и Скопје
    • Сали од Даблин: Македонија ја избра Европа, подготвени сме да го исполниме нашиот дел
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Филипче е против развојот на дата центрите, иако и во СДСМ гледаат придобивки за државата

    Лефков: Филипче е против развојот на дата центрите, иако и во СДСМ гледаат придобивки за државата

    04.09.2026 во 12:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    ВМРО-ДПМНЕ упати критики до претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвинувајќи го за блокирање и противење на проектот за развој на дата центри во државата.

    Од владејачката партија, преку прес-конференција на пратеникот и член на ИК, Миле Лефков, посочуваат дека за оваа тема постојат спротивставени ставови дури и во рамките на опозициската партија.

    Во своето соопштение и обраќање, ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе следните ставови:

    „Дека Венко Филипче и талогот на СДС не се грижат за граѓаните и државата веќе на сите им е јасно. Филипче е против секоја корисна идеја и секој проект како што е и развој на индустрија со дата центрите. Дата центрите или центри за податоци се тема на која талогот на СДС и Филипче се најдоа на различни страни и со своите сопартијци меѓу кои пратеници, како и со пратеникот од СДС и поранешен премиер Димитар Ковачевски.

    Значи и луѓе од СДС гледаат дека развојот на овој вид на индустрија е предност и за граѓаните, но и за Македонија како држава и за нејзиниот развој. Остана само талогот од СДС и Филипче кои не сакаат развој на државата, а и се расправаат и со своите сопартијци.

    Филипче очигледно остана слеп кога станува збор за оваа тема, криејќи се зад тоа дека процесот за развој на оваа индустрија не е транспарентен. Очигледно Филипче не сака ни да ги слушне фактите. Вели дека се грижи за цената на струјата, за користење на водите од страна на еден дата центар. Но, се е јасно и јавно кажано струјата ќе се набавува на пазар или од обноновливи извори, а за ладењето потребно за работа на овие центри има повеќе начини, што значи водите не се во опасност. А за националниот дата центар треба да знае дека државата ќе штеди со спојување на податоците на едно место, а податоците ќе бидат безбедни.

    За разлика од Филипче, кој покажува дека не се грижи ниту за граѓаните, ни за консолидирање на партијата која ја води, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ секој ден покажува дека работи во корист на граѓаните и државата.“

    Прочитај повеќе

    Кузеска: Се врати ли Обвинителот од екскурзија и ќе почне ли да ја работи својата работа или ќе чека насоки од Мицкоски

    04.09.2026 во 12:23

    Жерновски: Обвинителството не смее да молчи за унгарскиот кредит, да се провери потеклото на парите

    04.09.2026 во 12:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.