Close Menu
Press24
    Најново

    Понеделник е неработен ден – ќе одмориме три дена

    10.09.2026 во 09:08

    Шокирачки вести за возачите: Цената на нафтата драстично скокна

    10.09.2026 во 10:10

    Женска тепачка по претходна расправија

    09.09.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Продолжуваме посветено и одговорно да работиме на спроведување на реформите
    • Полски десничарски пратеник со чекан демолираше споменик на Украинци
    • Ескалација во Бундестагот: АфД го обвинува Мерц за клевета и бара одземање на имунитетот
    • Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
    • Вреди: Јакуп Хусеини за Брвеница
    • Божиновска со Главниот државен ревизор Ацевски: Ревизорските наоди мора да се претворат во конкретни мерки и одговорност
    • Мицевски до СДСМ: На вашата неинвентивност нема крај
    • Александар Вучиќ најави оставка на 25 или 26 септември пред предвремените избори во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лефков: Абази го заштити Филипче за модуларната болница во Тетово

    Лефков: Абази го заштити Филипче за модуларната болница во Тетово

    22.08.2026 во 12:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција упати обвинувања до обвинителот Ислам Абази дека го заштитил поранешниот министер за здравство Венко Филипче од одговорност за пожарот во модуларната болница во Тетово.

    Според Лефков, предметот и доказите со години се чувале во фиоките на обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска, со што, како што рече, Абази директно му овозможил заштита на Филипче.

    Тој посочи дека поранешниот економски директор на тетовската болница, Артан Етеми, до последен момент одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба модуларната болница, бидејќи објектите биле набавени како стоки и не можеле да се користат за здравствена дејност.

    „Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница, инаку поранешни директори на тетовската болница, зошто Абази ова го премолчи?“, праша Лефков на прес-конференцијата.

    Пратеникот додаде дека Светска банка барала одобренија за поставување и употреба, како и извод од Катастар за да се покаже одржливост на проектот, но одобренија не можеле да издадат ниту Општината ниту Министерството за транспорт и врски поради непочитување на Законот за градење. Поради липса на извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, и Катастарот одбивал упис.

    И покрај сите противречења од директорите на болниците низ земјава, објектите биле пуштени во употреба по одлука на Министерството за здравство и тогашниот министер.

    Од партијата бараат одговори од ОЈО ГОКК зошто биле премолчени тврдењата на обвинетите и зошто не била побарана одговорност од Филипче за објект кој во моментот на несреќата немал одобрение за поставување ниту за употреба.

    Прочитај повеќе

    Вреди: Јакуп Хусеини за Брвеница

    11.09.2026 во 17:32

    Мицевски до СДСМ: На вашата неинвентивност нема крај

    11.09.2026 во 17:12
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.