Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
    • Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол
    • Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете
    • Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА
    • Ништо од свадбата на Игор Којиќ и бремената Николина: Кеба откри се
    • Вучиќ за ескалацијата во ЕУ: Кога се случи насилството во Париз, ја изведоа војската, а јас немав ниту еден воден топ
    • Димитриеска-Кочоска: Поевтин дизел и пониски акцизи до 2 ноември
    • Македонскиот крем – Де ла крем на концертен предновогодишен спектакл со еден зеназборавен концерт…Сузана, Наум, Миле и Баже и нивните гости во кафеанска ноќ за паметење
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЛДП: Владата да се огради од величењето на Ратко Младиќ

    ЛДП: Владата да се огради од величењето на Ратко Младиќ

    29.08.2026 во 10:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Либерално-демократската партија побара Владата јавно и недвосмислено да се огради од, како што велат, величењето на Ратко Младиќ, кој беше правосилно осуден на доживотен затвор за геноцид во Сребреница, злосторства против човештвото и воени злосторства.

    Од ЛДП велат дека ваквите постапки не можат да се оправдаат како политички став или различно толкување на историјата, особено кога се поврзани со носители на високи државни функции.

    Партијата бара Владата да утврди политичка одговорност за постапувањето на министерот за локална самоуправа и директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците.

    „Не може Македонија пред Брисел да се повикува на европски вредности, а дома Владата да молчи кога нејзини функционери учествуваат во величење на лице осудено за геноцид“, велат од ЛДП.

    Оттаму бараат случајот да не заврши само со политичка одговорност, туку Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да испитаат дали со објавите и изјавите е сторено и кривично дело.

    ЛДП се повикува на член 407-а од Кривичниот законик, кој го санкционира јавното негирање, грубо минимизирање, одобрување или оправдување на геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства преку информациски систем.

    „Државната функција не смее да биде штит од законот“, порачуваат од партијата, барајќи институциите по службена должност да ги испитаат сите објави и постапки поврзани со случајот.

    Од ЛДП предлагаат и пошироки законски измени со кои јасно би се забранило јавното величење и промовирање на лица правосилно осудени за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, како и промоцијата на фашистички, нацистички и други тоталитарни идеологии.

    Според партијата, ваквите ограничувања треба да важат и при именување здруженија, фондации, клубови, јавни установи, улици, плоштади и други јавни обележја.

    ЛДП бара и образовниот систем да има поактивна улога во спречувањето на историскиот ревизионизам, со изучување на геноцидите и воените злосторства врз основа на историски факти и правосилни судски пресуди.

    „Почитувањето на жртвите и осудата на геноцидот се црвена линија. Нема молк кога се величаат осудени за геноцид и нема државна функција над законот“, порачуваат од ЛДП.

    Прочитај повеќе

    Мисајловски: Професионалните војници со навршени 45 години возраст ќе можат да го трансформираат работниот однос

    20.10.2026 во 15:58

    Радески: Изборите во Брвеница уште еднаш покажа дека СДСМ е единствената вистинска опозиција во Македонија

    20.10.2026 во 13:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.