Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: ЗНАМ е приврзок, отчетот е само проба за следните чекори
    • Искористете го сонцето – наскоро доаѓа драстична промена
    • Трагедија ја потресе Македонија: Загинаа две лица, три се повредени
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ЛДП: Китановиќ да биде разрешен и кривично гонет

    ЛДП: Китановиќ да биде разрешен и кривично гонет

    30.08.2026 во 11:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Либерално-демократската партија бара итно разрешување на директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, како и постапување на МВР и Јавното обвинителство поради неговата објава поврзана со Ратко Младиќ.

    Од ЛДП остро реагираат и на ставот на Владата дека Китановиќ треба да ја повлече објавата или да се повлече од функцијата доколку не се согласува со официјалниот став дека Младиќ е осуден за геноцид и воени злосторства.

    Партијата оценува дека не е доволно Китановиќ само да го повлече ставот и се повикува на член 407-а од Кривичниот законик, за кој велат дека предвидува затворска казна до пет години за величење, одобрување или минимизирање геноцид и воени злосторства.

    „Државната функција не смее и не може да биде штит од кривична одговорност. ЛДП бара итно разрешување на Китановиќ, а МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат по службена должност согласно членот 407-а од Кривичниот законик“, соопштија од партијата.

    Од ЛДП ја обвинуваат Владата за двојни аршини, тврдејќи дека законите строго се применуваат кон граѓаните, додека за носителите на јавни функции, според нив, се остава простор за политички изговори и повлекување на веќе изнесени ставови.

    Китановиќ пред два дена на Инстаграм објави фотомонтажа на која Ратко Младиќ е прикажан со повеќе личности од српската историја, меѓу кои и Дража Михајловиќ, со порака „Генерали на небеската војска“. Објавата предизвика реакции од повеќе политички партии и организации.

    Владата претходно соопшти дека ставот на Китановиќ е личен и неприфатлив и дека доколку не се согласува со официјалната позиција за Ратко Младиќ, се очекува да се повлече од функцијата.

    Прочитај повеќе

    СДСМ: ЗНАМ е приврзок, отчетот е само проба за следните чекори

    20.09.2026 во 12:03

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.