Close Menu
Press24
    Најново

    Тепачка во Ѓорче Петров: Син го нападнал татко си во дворот по жестока расправија

    05.03.2026 во 14:16

    Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје

    05.03.2026 во 14:04

    Криминал во радовишко: Наместо бука, во училиштата носеле „дива круша“ и гранки – украле над 600.000 денари

    05.03.2026 во 13:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тепачка во Ѓорче Петров: Син го нападнал татко си во дворот по жестока расправија
    • Избегната еколошка хаварија во Македонија: 10 години се чувале 10 тони „темпирана бомба“ – опасен хемиски отпад среде Скопје
    • Криминал во радовишко: Наместо бука, во училиштата носеле „дива круша“ и гранки – украле над 600.000 денари
    • Хаос во кумановскиот суд: Референтка издала казнена евиденција на туѓо име без лична карта
    • Мицкоски: Со средства од унгарскиот кредит се зголемува производниот капацитет на „АКТИВА Штип“
    • Тошковски и СЕЛЕК договорија заеднички хајки против шверцерите и компјутерските измамници
    • Проверете дали сте на списокот за исклучувања: Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 16 часот
    • Руте смирува: Соборената иранска ракета над Турција не значи почеток на војна меѓу НАТО и Иран
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина

    Лавров: ЕУ се обидува да го спречи мировниот процес за Украина

    10.12.2025 во 12:082 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на денешната седница на Советот на Федерацијата зборуваше за контактите со САД за мировното решение на судирот во Украина и ја обвини Европската Унија дека се обидува да го спречи процесот.

    Лавров потврди дека Москва и Вашингтон постигнале договор за продолжување на работата за завршување на украинскиот конфликт.

    – Главната работа е да постои принципиелно разбирање дека одржливо решение не е можно без искоренување на основните причини за кризата, наведе Лавров.

    Тој изјави дека предлозите што ги донесе во Москва специјалниот претставник на американскиот претседател, Стив Виткоф, зборуваат за потребата од обезбедување права на националните малцинства и верските слободи во Украина.

    – Русија ги цени напорите на Доналд Трамп за решавање на конфликтот преку политички и дипломатски средства, посочи Лавров.

    Тој упати критики и кон политиката на Европска Унија, тврдејќи дека Брисел е „заведен од илузии“ дека Русија може да биде поразена.

    – Откако го инвестираа целиот политички капитал во војната со Русија со рацете и телата на украинските граѓани, тие се залажуваат себеси во безнадежно политичка слепило со илузијата дека ќе ја победат нашата земја на еден или друг начин. Како што нагласи претседателот, ние немаме намера да се бориме со Европа, немаме такви мисли, истакна Лавров.

    Но, тој предупреди дека Москва ќе одговори на какви било „непријателски чекори“, вклучително и евентуално распоредување на европски воени контингенти во Украина и запленување на руски имот.

    Изјавите на Лавров, доаѓаат во време на интензивна дипломатска активност. Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин се сретна во Кремљ со специјалниот претставник на американскиот претседател, Стивен Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Тие разговараа речиси пет часа за американската мировна иницијатива, но сè уште не е постигнато компромисно решение. Путин подоцна изјави дека Вашингтон го поделил планот од 27 точки на четири пакети и дека Москва не се согласува со некои од нив.

    Популарно

    Кој ќе го купи Аудито на Мерко – Почетна цена од 21.800€

    05.03.2026 во 10:12

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.