Петгодишно момче загина во нападот на лавица во индиската држава Гуџарат, откако животното го грабнало од рацете на неговиот дедо и го одвлекло во шумата.

Инцидентот се случи во селото Чатури, во округот Канба, во близина на планинскиот венец Гир. Според „Индија денес“, детето шетало со дедото кога лавицата се појавила од темнината и го одвлекла во блиската шума.

Дедото веднаш повикал помош, а мештаните се обиделе да ја избркаат лавицата со стапови, но не успеале да го спасат детето.

Телото на момчето било пронајдено на околу еден километар од селото и е пренесено во болница за обдукција.

По трагедијата, властите започнаа масовна операција во која евтаназираа пет лава и една лавица. При истрагата, во повраќаницата на еден од заробените мажјаци биле пронајдени човечки остатоци, кои сега се предмет на форензичка анализа.

Жителите на регионот се вознемирени и тврдат дека нападите од лавови се сè почести во последните години. Тие сметаат дека властите го потцениле ризикот од зачестените средби меѓу луѓето и дивите животни.

Министерот за шуми и животна средина, Арџун Модвадија, го посети семејството и најави нови мерки за спречување на конфликтите.

Тој истакна дека азиските лавови обично не напаѓаат луѓе, но дека неодамнешните инциденти укажуваат на можна промена во однесувањето, поради што е наредена детална истрага за утврдување на причините и преземање соодветни чекори за јавна безбедност.

Exit mobile version