Close Menu
Press24
    Најново

    Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница

    08.07.2026 во 13:18

    МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка

    08.07.2026 во 12:56

    Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа

    08.07.2026 во 12:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уставен суд нема мнозинство за да одлучува за претставката на Левица – ќе се гласа на некоја идна седница
    • МФ: Нови 2,4 милиони евра за домашните компании, трансферирани средствата од централниот Буџет кон Развојната банка
    • Запленети 200.000 лажни кинески кондоми ширум Европа
    • Објавени се првичните причини за смртта на 24-годишната девојка од Македонија во стан во Солун
    • Проширена Европа значи посилно НАТО
    • Трамп од Анкара: Примирјето со Иран е завршено, тие се „џган“ и „лудаци“
    • Скок од мост во поплава
    • Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ласовска: Количината на запленет кокаин е далеку поголема од она што го правело МВР во време на СДС

    Ласовска: Количината на запленет кокаин е далеку поголема од она што го правело МВР во време на СДС

    24.06.2026 во 18:534 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Благица Ласовска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница во Собранието најнапред истакна дека во самата интерпелација наместо да бидат изнесени факти и бројки, во истата се содржани лични навреди и претпоставки, како и обид за лична дискредитација на министерот при што се замешани и делови од неговото семејство. Ласовска во продолжение образложи дека интерпелацијата за министерот Тошковски не е основана и истата не треба да биде прифатена т.е. Тошковски треба да остане министер за внатрешни работи.

    -Прво од начинот на којшто го определив по важност и по ингеренции на Министерството за внатрешни работи, е безбедноста на границите, се разбира заедно со Армијата на Република Македонија. Безбедност и обезбедување на поголема и поефикасна мобилност на границите, сметам дека тоа е навистина добра работа, One stop shop со Србија, Косово, но не на начин на којшто претходната влада ги направи, па имате две граници, практично две кабини да поминете, туку навистина еден One stop shop. Во тек е со Албанија, а во напредна фаза е и преминот кај Маркова нога, се сеќавате на оној премин кај Маркова нога на којашто се сликаа и Димитров и Заев, ама тоа време очигледно некој го заборавил, рече Ласовска.

    Пратеничката Ласовска ја спомена и борбата со криумчарење на мигранти и истакна дека се сузбиени три групи организирани за криумчарење на мигранти, како и фактот дека е сузбиена и терористичка организација што е особено важно како што вели таа, во контекст на глобалната политика во којашто живее светот, па и Република Македонија денес, а некој тоа го толкува како неуспех.

    -Сузбиена е терористичка организација која била со основна идеолошка матрица на терористичката организација ИСИС со намера на изведување на терористички акти на јавни објекти во Република Македонија и за некого очигледно тоа не е успех. Сузбиена е 12 члена криминална група за кривични дела од областа на недозволена трговија со оружје и дрога. Во однос на безбедноста на државата се познава таа разлика за ова двегодишно владеење дека граѓаните се чувствуваат побезбедни и посигурни. Сузбиени се вкупно 16 организирани криминални групи, рече Ласовска и додаде:

    „Јас ќе потсетам на познатите Беланоца, бандите од Грчец и расчистувањата на убиствата. Ова не значи дека тие не постојат и ова не значи дека не треба да има поттик Министерството за внатрешни работи и службите сè уште да работат на ваквите разоткривања и лишување од слобода на бандите коишто ги има во Република Македонија. Потоа запленета е дрога од 40 тони марихуана, а пак кокаин запленет, е многу далеку поголема колична од она што е од време на претходната влада. И сега прашањето е, му пречи ли ова на некој што еве се расчистува со дрогата, се запленува дрогата итн.“

    Ласовска посочи дека сите сме сведоци за рациите за точење на алкохол на малолетници кои се одвиваат на целата територија на државата, како и фактот дека се регистрирани 315 кривични дела на насилство, а преземени се постапки за против 623 лица што како што вели Ласовска нема споредба со минатите години.

    -Сејф Сити се реализира после 10 години, 20 жртви помалку во споредба со минатата година и како што кажавме секој еден живот е важен. Опремување со возила, 120 возила купени после 10 години, после 26 години се отвара Полициската академија, континуирано подмладување на кадарот во Министерството за внатрешни работи и нема сцени како што во минатото гледавме за вадење на пасоши. Во минатото сите белосветски апаши, криминалци, убијци, некакви си конзули коишто соработуваа со некакви тајни служби против државата, им беше издаван пасош од Република Македонија. Но тие сцени сега повеќе ги нема, истакна Ласовска.

    Ласовска посочи дека Центарот за обука на Министерството за внатрешни работи ќе се прошири за дополнителни 10 и пол хектари, каде што ќе се наоѓаат терените за тактичка обука и спорт, новото стрелиште како и новиот објект за средното полициско училиште.

    -Во соработка со стратешки партнери, од буџетски финансиски средства и од донации, се разбира ќе се доизградат и останатите полициски станици. Некаде чинам мислам дека околу 10 полициски станици се реновирани и обновени, рече Ласовска.

    Пратеничката Ласовска на крајот го изнесе и нејзиниот став од којшто не отстапува и денес, а тоа е дека секој што сторил криминал ќе одговара без разлика од која политичка партија доаѓа и без разлика на неговата етничка припадност.

    „Но би требало да не ги мешаме надлежностите на Министерството за внатрешни работи и надлежностите на Јавното обвинителство и Обвинителството за организиран криминал. Дали сме задоволни со процесуирањето на ваквите постапки? Секако дека не сме и очекуваме многу повеќе“, заврши Ласовска.

    Прочитај повеќе

    Иванов: Македонија станува клучна транспортна крстосница, интензивно се работи на автопатите и експресните патишта

    08.07.2026 во 11:56

    Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ нека се договорат меѓу себе што сакаат од Изборниот законик

    08.07.2026 во 11:48
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.