Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ: За секој ученик во Центар субвенција за таблет или лаптоп

    Лабудовиќ: За секој ученик во Центар субвенција за таблет или лаптоп

    23.10.2025 во 11:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Кандидатот за градоначалник на општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, ја најави новата мерка што ќе биде дел од неговата програма за дигиталната писменост како поддршка на младите – субвенции за таблети и лаптопи за сите ученици од петто одделение во општина Центар, се вели во видео изјава од кандидадот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија (ЗНАМ), што МИА ја објавува интегрално. 

    „Денес дигиталната писменост е исто толку важна колку и учебникот. Ако сакаме децата да бидат во чекор со времето, мора да им овозможиме еднаков пристап до современи алатки за учење. Затоа, воведуваме мерка со која секое дете ќе добие поддршка од 3.000 денари за таблет или 6.000 денари за лаптоп. Ова е конкретна помош за родителите, но и вистински чекор кон модерно, рамноправно и достапно образование за сите,“ изјави Лабудовиќ.

    Според него, оваа мерка не е само финансиска поддршка, туку инвестиција во знаење, иднина и еднакви шанси за сите ученици. Со неа, Општина Центар ќе стане пример за тоа како една локална самоуправа може да придонесе за поголемо ниво на дигитална писменост и поддршка на младите генерации.

    „Сакаме децата во Центар да имаат исти услови за учење – без разлика на тоа од какво семејство доаѓаат. Сакаме сите да имаат еднаква можност да учат, да истражуваат и да се надградуваат. Затоа што секое дете заслужува поддршка, а секој родител заслужува сигурност дека неговото дете има фер старт во животот,“ истакна Лабудовиќ.

    Оваа мерка е дел од пошироката визија за модерна, дигитална и напредна општина, која вложува во младите како највреден капитал на општеството.

    „Образованието е највредната инвестиција што можеме да ја направиме – затоа што вложувајќи во нив, вложуваме во нашата иднина. Центар ќе биде општина што ги отвора вратите кон дигиталниот свет, општина која стои зад секое дете со конкретна поддршка, визија и верба дека секој ученик може да успее,“ додаде Лабудовиќ.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е видливо нервозен и во паника

    06.10.2026 во 21:56

    Конески: Владата ги става младите во центарот на политиките, преку пракси ги поврзуваме студентите со локалните самоуправи

    06.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.