Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: ДУИ обвинува за полициска бруталност

    09.10.2026 во 11:15

    ВИДЕО: Со албанско знаме го блокираше сообраќајот – Полицијата го пронајде лицето кое„глумеше шериф“ во Скопје

    09.10.2026 во 08:35

    Пред нас продолжен викенд, а потоа уште еден – На овие датуми ќе одмориме

    09.10.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Меѓународниот кривичен суд во Хаг за санкциите на САД: Историјата ќе суди за овој момент
    • 10 професии што најчесто водат кон развод
    • Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат
    • САД воведоа опсежни санкции против Меѓународниот кривичен суд
    • Димитриеска-Кочоска најави нова граѓанска обврзница до крајот на годината
    • Сообраќајка кај Кале, тешко повреден возач на мопед
    • Шакира и Пике повторно на суд
    • Силен земјотрес од 7,9 степени ја погоди Панама: Епицентарот во близина на Макаракас
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Лабудовиќ: Герасимовски бега од соочување и одговорност

    Лабудовиќ: Герасимовски бега од соочување и одговорност

    10.10.2025 во 21:123 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    „Ние имаме скандалозна ситуација – кандидат за советник од СДСМ кој гради дивоградба на Кале. И, не застанува, туку продолжува да ја прави. А, градоначалникот Горан Герасимовски не реагира. И, затоа вечерва го нема да дојде на соочување. Затоа што тоа значи дека треба да се соочи со одговорност, за она што го правел. Поточно, за тоа што ништо не направил овие четири години. Вечерва, овде во студиото столчето на Герасимовски е празно исто како што му беше празно в Општината сите четири години. Ние нема да го прашуваме за благајникот што ги “собирал“ средствата од инвеститорите за секоја издадена дозвола за градба, ниту за бизнисите со градење на Зоран Заев и Зоран Дамјановски Циц. Но, сакаме да се соочиме пред граѓаните и да ги споредиме нашите програми“,беше дециден кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на Движењето ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ, на соочувањето во емисијата „Само Вистина“ на Т Канал 5.

    За четири години, продолжи Лабудовиќ, актуелниот градоначалник ревидирал само три од вкупно 31 урбанистички план. И, на тој начин свесно оставал простор за безредие кое некој го злоупотребувал и сето тоа резултираше со масовна бетонизација во општината. Наместо да биде обратно – со вистинска и ефикасна грижа за јавниот простор, со брзо ревидирање на ДУП-овите, да се спречи узурпација на јавниот простор.

    “Во моментов имате градба на 25 објекти – згради само во Буњаковец плус целиот коммплекс на “Треска“ кој граничи со него. Така е и во многу други места низ општината. Еве погледнете слика на две згради, а такви има и во Буњаковец и во Дебар Маало, каде
    жителите може, што се вели, да си додаваат сол и кафе од две соседни згради. Толку се блиску една до друга. Затоа е потребна целосна и строга контрола на документацијата и процесот на градба, но не од канцеларија, туку на терен“, нагласи Лабудовиќ.

    А, тоа ќе се постигне меѓу другото и преку комплетна дигитализација и транспарентност на секоја постапка, во која граѓаните во секое време ќе имаат увид од поднесувањето на првиот документ, па до нејзиното завршување. А, не како досега – во некои “глуви периоди“ од годината да се прави формален увид и преку ноќ да се издаваат дозволи.

    Во презентцијата на изборната програма Мирослав Лабудовиќ најави сериозно проширување на паркинг просторот со катни и монтажни гаражи во Буњаковец, Капиштец и кај нова железничка станица, општинска зграда со подземен паркинг за 300 возила и плоштад и пешачка зона околу неа. Потоа, целосна реконструкција на повеќе улици во маалскиот живот, силна офанзива за чистење на општината и за што повеќе зелени површини во неа.

    Но, и сериозна и континуирана соработка со, како што рече, идниот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски за поквалитетен јавен превоз, намалување на сообраќајниот метеж и сите други сегменти, каде надлежностите се поклопуваат. „Само со искрена и
    целосно професионална соработка со градот, а јас верувам во тоа, ќе направиме Центар повторно да биде вистинското лице на Скопје и нашата држава. Сигурен сум дека заеднички ќе работиме за општото добро на граѓаните – во општина која ќе овозможи сериозно квалитетен живот за нив“, порача Лабудовиќ.

    Прочитај повеќе

    Николоски во Подгорица на средба со министерот за транспорт Зечевиќ: Акцент на регионалното поврзување и пристаништата

    09.10.2026 во 18:22

    Николоски на средба со Ивановиќ во Подгорица: На регионот му се потребни партнерства, регионална поврзаност и економска соработка

    09.10.2026 во 16:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.