Секој кандидат различно си ја планира агендата, но ако сте актуелене градоначалник
имате обврска да се појавите на екран на ТВ соочлување и да одговорите на повеќе
прашања што ги интересираат граѓаните. А, Горан Герасимовски втор пат избегнува дуел
со мене, рече во своето гостувае во емисијата „За или против“ на Алфа Тв, кандидатот за
градолначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ. Јас, рече тој, како граѓанин сакам да му
поставам повеќе прашањаи сега тие ќе се постават на празно столче, исто како што му
беше празен целиот мандат.
„На пример, сакам да го прашам зошто Центар е рекордер по бројот на издадени дозволи
во неговиот мандат со повеќе од 300, зоштпо се гради се уште по урбанистичките планови
од 2012 за кои сите од СДСМ беа отсечно против, а сега се молчи и не се менуваат. Или,
само се смениле само три, а шест биле на разгледување. Се разгледува списание, а ДУП
во одна општина се ревидира во точно определена процедура и навреме“, изјави
Лабудовиќ.
Тој отиде и чекор понатаму и го впери прстот кон својот опонент, прашувајќи дали е
партнер со Зоран Заев и Венко Филипче во заеднички бизниси. „Центар е последното
упориште на струмичките бизниси кои инвестираат и во Дубаи и сакав да прашам дали и
Герасимовски инвестира заедно со нив таму како и да ја потврди или демантира
шпекулцијата – дали имал среќа кога била сликана јахтата на Заев, и тој бил таму, ама
токму во тие моменти бил во кабината“, обвини Лабудовиќ.
Тој како несериозен и очајнички обидот на Герасимовски да се претстави како
натпартиски кандидат. „Герасимовски е претседател на општинската организација на
СДСМ во Центар беше акламативно избран нивен кандидат. И, сега го вие резултатот во
првиот круг дека е катастрофален и сака да се откаже од нив. Утре, би се откажал и од
граѓаните ако не му одговара“, нагласи кандидатот за градоначалник на Центар од
Движењето ЗНАМ поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
Мирослав Лабудовиќ ја потенцираше одличната соработка со Орце Ѓорѓиевски кој е
кандидат за градоначалник на Скопје. „Со идниот градоначалник на главниот град
одлично соработувавме овие денови, разговаравме доста и се надополнувавме за многу
идеи и идни проекти. Сигурен сум дека со Орце Ѓорѓиевски ќе направи целосно
свртување на текот на работите – со нов пристап, нова визија која ќе даде нов лик на
Центар и Скопје, што ќе го реализираме со одлична соработка со централната власт“, рече
Лабудовиќ
Актуелно
- Николоски од Маџир Маало: Ќе работиме да го решиме урбанистичкиот хаос во Центар
- Митески со практично решение за паркинг: Воведува еднонасочни улици и 800 нови места за шест месеци
- Голем интерес за вакцинација: 70.000 граѓани пријавени за сезонски грип, вакцинирани над 22.000
- УХМР со најнова прогноза за цела недела – во најава голем пресврт
- Мицкоски: Одржливата енергија не е политички избор, туку морална обврска кон идните генерации
- Се напил па со автомобил се забил во оградата на комшијата – приведен жител од делчевско
- Битола: Возел со 3 промили алкохол, полицијата го привела при рутинска контрола
- Пијан кочанчанец со автомобил искршил неколку паркирани автомобили

