Водата од скопскиот водовод е безбедна за пиење, покажале лабораториските анализи спроведени минатата недела.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека во периодот од 5 до 9 октомври биле испитани 208 примероци за физичко-хемиски и уште 208 за микробиолошки параметри, земени од 53 мерни места низ Скопје.
Резултатите покажале дека сите анализирани примероци ги исполнуваат пропишаните услови за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопштија од претпријатието.

