Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: „Талир 2“ е доказ за партизирано правосудство и спасување на Груевски

    Кузеска: „Талир 2“ е доказ за партизирано правосудство и спасување на Груевски

    16.07.2026 во 11:472 Mins Read
    СДСМ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Има ли поголем доказ за она што СДСМ го говори со месеци за смислената партизација, за постепено, чекор по чекор преземање контрола од страна на власта, истакна на прес – конференција Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор на СДСМ.

    -Има ли поголем доказ зошто не се спроведувата реформи во правосудството? Се потврди сѐ. Зад игрите со предметот „Талир 2“ стои сценарио за да се спречи конфискацијата на криминално стекнатиот имот на ВМРО и да се спаси Никола Груевски. Поранешната обвинителка Ленче Ристовска откри шокатни детали дека предметот бил одложуван и развлекуван. Обвинителството не се спротивставило ниту кога ВМРО побарало одлагање на рочиште иако нивното присуство не било законски задолжително, вели таа.

    Додава дека сите овие одлагања довеле предметот да влезе во рокови што практично не му оставаат време на Апелациониот суд мериторно да одлучува.

    -Ова се исклучително сериозни обвинувања од обвинителката која со години го водеше предметот. Ова е вистината. Дополнително, и самата судијка што го водеше предметот укажа на недоследности кај Обвинителството и на тоа дека ново назначениот обвинител не го прилагодил обвинението по измените на Кривичниот законик. Сѐ е јасно како ден. Ете како контролиранаото судство на Мицкоски ја спречи конфискацијата на имотот на ВМРО и го спаси Никола Груевски. Затоа Ристовска беше тргната од предметите и ѝ беа одземени овластувањата. Јавно беа таргетирани судии и обвинители кои работеа на „Талир 1“ и „Талир 2“, вели таа.

    Додава дека власта го смени јавниот обвинител, постави обвинителка од тефтерчето на Сашо Мијалков, позната од бомбите. Менуваше и назначуваше судии блиски до власта и до Мицкоски.

    -Мицкоски јавно им делеше задачи на обвинители и судии од собраниската говорница, преку телевизија и преку телефон. Еве го денес резултатот од таквото партизирано правосудство. Никола Груевски е спасен од одговорност, а криминално стекнатиот имот на ВМРО повторно е во рацете на партијата. Оваа пресуда е дело на контролираното правосудство од Христијан Мицкоски и најсилен доказ дека кога ВМРО ја контролира државата, нема правда, судството не им служи на граѓаните, туку за спас на криминалот на власта, се вели во соопштението.

    Just In
    Прочитај повеќе

    Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет

    06.10.2026 во 12:04

    Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница

    06.10.2026 во 11:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.