Кузеска: СДСМ нема да поддржи референдум што е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ

 

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, на прес-конференција кажа дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му пропаднале сите обиди да ја закочи државата.

„Со еден збор, се’ што кажа Христијан Мицкоски излажа. Мицкоски тоне се подлабоко а со себе сака ја повлече и целата држава. Тоа СДСМ заедно со граѓаните нема да го дозволи.

Најавите за референдум против заклучоците на Собранието за заштита на македонскиот идентитет, и против тоа македонски јазик во ЕУ не се ништо друго освен обична фарса на Мицкоски за внатрешна употреба во ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните многу добро знаат дека токму ВМРО-ДПМНЕ бараше референдум и за Договорот од Преспа а потоа истиот го бојкотираше.

По налог на Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ собираа потписи и за иницијатива за референдум за пописот, па потоа се откажаа.

Тоа што се уште не знаат какво прашање да постават пред граѓаните зборува дека на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не им важен ниту македонскиот јазик, ниту интересите на граѓаните.

Тие имаат за цел само да направат штета на државата, да ја попречат европската интеграција заедно со проруската Левица и ништо повеќе.

Впрочем и самите граѓани видоа дека седниците на Извршниот комитете на ВМРО-ДПМНЕ се обична фарса, таму ништо не се одлучува, само се потврдувата желбите на Мицкоски“, вели Кузеска.

Кузеска смета дека Мицкоски е единствен член на Извршниот комитет  а тоа го покажува и веб страната на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како да живее само да го надмине својот ментор од Бидимпешта.

Досега сите лаги на Мицкоски се разобличени, сите негови обиди се пропаднати, така ќе биде и овој пат.

Референдум против македонски јазик во ЕУ не е потребен.

СДСМ нема да поддржи референдум којшто е против заштита на македонскиот јазик, идентитет, историја и посебност во преговорите со ЕУ“, кажа портпаролката на СДСМ.

22.07.2022 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега