Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Храната поскапе за 6,7%, овошјето и зеленчукот за 4,3% – цените неконтролирано растат

    Кузеска: Храната поскапе за 6,7%, овошјето и зеленчукот за 4,3% – цените неконтролирано растат

    09.11.2025 во 12:163 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Секојдневно, реалните економски податоци и индикатори ги побиваат лагите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за наводен економски бум во државата. Последните податоци за инфлацијата потврдуваат дека, спротивно на уверувањата на власта дека инфлацијата паѓа, таа останува висока и ја јаде куповната моќ на граѓаните; рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

    Годишната инфлација во октомври достигна 4,5%. Најголемо зголемување од 7% е регистрирано кај трошоците за храна и безалкохолни пијалаци – основните производи без кои не може да живее ниту едно семејство, вели Кузеска.

    Кузеска нагласи дека цените продолжуваат неконтролирано да растат. За 2,8% се зголемени цените на мало во октомври годинава, споредено со истиот месец лани. Најголем раст има кај прехранбените производи – храната поскапе за 6,7%, овошјето и зеленчукот за 4,3%.

    „Растот на инфлацијата и цените е јасен показател дека економските политики на власта се промашени и без никаков резултат. Сметката ја плаќаат граѓаните.

    Платите и пензиите не го следат растот на трошоците за живот. Ова е клучен показател дека секој ден животот станува сè поскап за македонските граѓани. Тие се принудени постојано да кратат, да пресметуваат, да избираат што нема да купат – затоа што приходите не им стигаат.

    Ова е реалноста. Ова се вистинските проблеми на граѓаните.

    Трагично е што власта не ни помислува на покачување на платите. Додека во регионот платите растат, ВМРО-ДПМНЕ одбива да ги покачи. Ветуваа повисок животен стандард и плати, а денес Мицкоски не сака ни да слушне за зголемување на минималната плата барем на 500 евра“, посочи Кузеска.

    Кузеска потенцираше дека власта не прифати ниту еден од конкретните предлози на СДСМ – ниту предлогот за 500 евра минимална плата, ниту укинување на ДДВ за прехранбени производи.

    „И така продолжува – во новиот Буџет за 2026 година не е предвидено зголемување на минималната плата на 500 евра, ниту мерки за намалување на цените. Тоа значи дека цела следна година граѓаните и работниците може да очекуваат уште поскап живот, а Владата нема да преземе ништо.

    Сега е јасно: на ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговара граѓаните да живеат сè полошо. Ова е стратегија за ослабување на нивната економска моќ, за ширење очај и разочараност. Целта е да ги обесхрабрат граѓаните и работниците да бараат подобри плати и приходи. Да ги прифатат политиките на ниски стандарди и евтина работна сила.

    Но граѓаните ова го препознаваат. Јасно ѝ порачуваме на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема да молчи – и нема да молчат ниту граѓаните. Нивната намера е прочитана, а стратегијата ќе им се удри од глава.

    Со ВМРО-ДПМНЕ на власт расте само стандардот на профитерите. Расте експлоатацијата на работниците и сиромаштијата на граѓаните. Ништо друго добро не се случува во државата.

    СДСМ ќе продолжи да предлага конкретни политики кои обезбедуваат подобар живот за сите“, рече Кузеска.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.