Close Menu
Press24
    Најново

    Кузеска: Документ за Гостивар сѐ уште нема, а водата е опасна и во повеќе други места во земната 

    28.07.2026 во 13:24

    Мицкоски: Во понеделник ќе се знае за мерките за горивата, следната недела очекувам значајно поевтинување

    28.07.2026 во 13:16

    Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости

    28.07.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кузеска: Документ за Гостивар сѐ уште нема, а водата е опасна и во повеќе други места во земната 
    • Мицкоски: Во понеделник ќе се знае за мерките за горивата, следната недела очекувам значајно поевтинување
    • Мицкоски: Владините мерки носат резултати, туризмот бележи раст од 40 проценти кај странските гости
    • Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува, но се воведува здравствен надзор за хепатит А и Е!
    • Мицкоски од Илинден: 1.200 проекти се градат низ цела држава
    • Претрес во Куманово: Приведени тројца, пронајдени оруже и дрога
    • Проф. д-р. Лепиткова: Новите технологии отвораат поинаква перспектива за современото рударство
    • Општина Прилеп апелира: Не користете вода од овие две јавни чешми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кузеска: Документ за Гостивар сѐ уште нема, а водата е опасна и во повеќе други места во земната 

    Кузеска: Документ за Гостивар сѐ уште нема, а водата е опасна и во повеќе други места во земната 

    28.07.2026 во 13:242 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Јавноста сѐ уште не добила официјален, потпишан документ за Гостивар. Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на прес-конференција упати жестоки критики до Владата дека граѓаните сѐ уште немаат гарант дека водата во Гостивар смее да се користи барем како техничка.

    „Сè уште нема официјален документ. Сè уште никој не го покажа потпишаниот извештај со анализите за „техничката“ вода во Гостивар. Кој институт? Кој потпишал и одобрил? Кои се параметрите од анализата на водата, праша Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ.“

    Опозицијата ги сумираше сите последни случаи на контаминација и заматување на водоводите во градовите и селата низ Македонија, обвинувајќи за тотално потфрлање на државниот систем и отсуство на одговорност.

    Во однос на загрижувачката слика на терен и состојбата со реките, портпаролката на СДСМ истакна:

    „Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. Крушево – вода заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја. Маврово – привремено не е за пиење. Лепенец и Вардар – бела пена, четири дена тишина. Валандово – присуство на арсен. Лешок, колиформни бактерии. Последно и водата во Булачани не е безбедна за пиење. Мицкоски и организираната криминална група ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија. Граѓаните пијат отров. А одговорни – нема“, рече Кузеска.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Пријавете корупција, покажавме и докажавме дека сме способни да правиме реформи

    27.07.2026 во 22:11

    Мицкоски: Уставни измени какви што бара Бугарија нема да дозволам

    27.07.2026 во 21:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.