Close Menu
    Најново

    Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина

    30.12.2025 во 21:35

    Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација

    30.12.2025 во 21:24

    Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени

    30.12.2025 во 21:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Тажна вест: Почина познат скопјанец – познат по својата хуманост и добрина
    • Калајџиев: Си играте играчки – ѕидот на срамот е импровизација
    • Бран на грип ги полни болниците во Скопје – децата се најзагрозени
    • Хороскопски знаци кои чувствуваат најголем притисок пред крајот на годината
    • Зеленски: Водиме разговори со Трамп за можни американски трупи во Украина
    • Рама најави: Албанија почнува да произведува оклопни возила и борбени дронови
    • Пукање во Будва: едно лице загина, градот под засилени безбедносни мерки
    • Турција погодена од над 53.000 земјотреси годинава
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Куќен притвор за две лица и мерки на претпазливост за седуммина кои се опфатени со истрагата за коруптивни дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

    Куќен притвор за две лица и мерки на претпазливост за седуммина кои се опфатени со истрагата за коруптивни дела поврзани со работата на клубот „Пулс”

    21.11.2025 во 13:55
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Основниот суд во Кочани одреди мерки куќен притвор за две лица – даночни контролори од Службата за даночна контрола при Регионалната дирекција Штип. Ова денеска го потврди претседателот на Основниот суд-Кочани, Спиро Борисов.

    Одлуката е донесена откако Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против вкупно 11 лица за коруптивни кривични дела поврзани со работењето на клубот „Пулс“.

    За шест други лица опфатени во истрагата, од кои даночни инспектори и управници, се одредени мерки на претпазливост, а за едно лице дополнителна мерка на претпазливост.

    Примање поткуп и откривање тајни

    Според Обвинителството, двајцата даночни контролори кои се во куќен притвор се осомничени за „Примање поткуп“ (член 357). Тие ја искористиле службената положба за да му ги откриваат информациите и да го предупредуваат одговорното лице во клубот за ненајавени контроли, со цел да прибават противправна имотна корист.

    • Одговорното лице (син на сопственикот на „Пулс“) е осомничен за „Давање поткуп“ (член 358). Обвинителството бара проширување на мерките на претпазливост против него со забрана за контакти со новоосомничените.
    • Шестмина даночни инспектори и управници од УЈП Штип и Струмица им овозможувале на „Пулс“ и „ММММ кафе“ да ги избегнуваат даночните контроли и да работат без фискализација, со што сториле „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
    • Инспекторка од Државниот пазарен инспекторат е осомничена за „Оддавање службена тајна“ за откривање информации за ненајавени контроли.

    Сопственикот на „Пулс“, кој е веќе во притвор во друг предмет, сега е осомничен и за „Фалсификување исправа“ бидејќи при контроли на УЈП приложувал преправени фискални апарати со невистинити податоци за да избегне глоби и затворање на објектот.

    Популарно

    Обвинителството ја затвори познатата скопска кафеана

    30.12.2025 во 11:25

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Денеска подгответе се за снег – од утре голем пресврт

    30.12.2025 во 09:08

    Сопругата и синот на Мицкоски на гости во Влада

    29.12.2025 во 18:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.