Во касарната Ѓорче Петров официјално започна втората обука во рамките на Регионалната програма за сертификација на службени кучиња за мириси на производи 2026 година, како дел од проектот „Поддршка на националните власти на Република Северна Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“.
Директорот и Бирото за јавна безбдност Александар Јанев денеска заедно со директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, ја отвори обуката, која претставува уште еден чекор во континуираната надградба на полициските капацитети.
Јанев смета дека добро обучените кучиња се верни партнери во откривање траги и обезбедување клучни докази. Обуката не е само техничка потреба, туку и инвестиција во иднината.
-Континуираното ангажирање на кучињата во тренажен процес е клучно за одржување и надградба на стекнатите вештини и професионализација на К9 службите. Горди сме што нашиот Регионален К9 Центар продолжува да расте како место за професионализација и размена на искуства, благодарение на нашите партнери и пријатели од Мисијата на ОБСЕ и експертите од ФРОНТЕКС, при што значително инвестираме во битката со откривање и спречување на различни видови криминални појави, смета Јанев.

