Крузер се заби во бетонски ѕид на Дунав, има повредени
Единаесет лица се повредени кога крузер во текот на ноќта удрил во бетонскиот ѕид покрај Дунав во северниот австриски град Ашах ан дер Донау, соопшти локалната полиција.
Околу 160 патници се наоѓале на бродот кој патувал од Баварија до австрискиот град Линц, изјави портпаролот на полицијата во блискиот Ефердинг.
11-те повредени се пренесени во болница, а бродот можел да продолжи по несреќата, изјави портпаролот.
Засега не е јасно колку се сериозни повредите, изјави портпаролот.
Локалните медиуми јавуваат дека уште шест лица се здобиле со полесни повреди за кои не е потребна болничка помош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа