Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Крмов: Случаите на фемицид не се инцидент – тие се системски пропусти што Тошковски ги „решава“ откако е предоцна

    Крмов: Случаите на фемицид не се инцидент – тие се системски пропусти што Тошковски ги „решава“ откако е предоцна

    24.06.2026 во 17:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, во рамки на собраниската расправа за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, упати серија критики кон Министерството за внатрешни работи, обвинувајќи го за системско непостапување во случаи на насилство врз жени.

    Крмов како еден од најсериозните примери го посочи случајот со советничката на Левица во Град Скопје, Евгенија Станковска, за која рече дека била мета на организирана кампања на навреди и закани.

    „Најеклатантен пример за тоа како се поставувате кон насилството врз жени е случајот со нашата советничка Евгенија Станковска, против која се водеше хајка од вашиот функционер Кире Михаилов, директор на Македонски шуми. Во немоќ да се справат со советничката група во Град Скопје, беа пуштени партиски загари кои повикуваа на физичко и сексуално насилство кон неа“, изјави Крмов.

    Тој се осврна и на неодамнешниот случај на двојно убиство и самоубиство во Велес, посочувајќи дека сторителот претходно повеќепати бил пријавуван за насилство.

    „Човекот повеќепати бил пријавуван, во еден случај дури и запалил возило, а тоа не било причина за посилна реакција од МВР. Во последните 12 години малтретирал најмалку осум партнерки, а најстрогата санкција што ја добил била условна казна“, рече пратеникот.

    Според Крмов, институциите немаат соодветен механизам за рана проценка на ризикот кај насилните лица и реагираат дури по трагичните последици.

    „Не е поентата насилниците да бидат уапсени откако ќе се случи убиство. Поентата е тоа убиство да не се случи. Вие реагирате пост-фестум и потоа се фалите со тоа“, нагласи тој.

    Крмов посочи и на случајот со Ивана Јовановска и нејзината ќерка, наведувајќи дека во него дури 39 припадници на МВР не постапиле соодветно, додека во друг сличен случај, според него, не реагирале 11 полициски службеници.

    „Ова не е инцидент. Ако беше инцидент, ќе потфрлеа еден или двајца службеници. Кога имате десетици луѓе кои не реагираат, тогаш станува збор за систем на нереагирање кога се работи за насилство врз жени“, оцени Крмов.

    Интерпелацијата за министерот Панче Тошковски беше поднесена од пратеничката група на Левица, која во своето образложение наведе повеќе забелешки за работењето на Министерството за внатрешни работи, меѓу кои и постапувањето во случаи на семејно и родово базирано насилство.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.