ОВР Неготино поднесе кривична пријава против В.И.(64), Т.К.(58) и Љ.Л.(60) од Демир Капија и У.У.(55) од село во општина Демир Капија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Пријавените, од 31.07.2026 до 03.08.2026, како вработени во Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница Демир Капија, на работно место чувари на плац во Демир Капија, пропуштиле должен надзор со што дозволиле на сторители да извадат и одземат алуминиумска страница од товарно возило, кое било предмет на кривично дело и било оставено на чување на плацот, со што причиниле материјална штета во висина од 25.000 денари.

Exit mobile version