Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кривична пријава за полицаец од Тетово: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот

    Кривична пријава за полицаец од Тетово: Фалсификувал службен документ и го злоупотребил потписот на раководителот

    22.04.2026 во 08:581 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против полициски службеник од СВР Тетово поради сомнение за фалсификување службена исправа.

    Како што информираат од МВР, станува збор за лицето Д.М., кое се товари за кривично дело по член 361 од Кривичниот законик. Според наводите, пријавениот во јуни 2019 година, постапувајќи по барање од адвокат од Тетово, изготвил службен документ за достапност на лице со невистинита содржина, без да изврши соодветни проверки на терен.

    Понатаму, за да го озваничи документот, тој го злоупотребил потписот на раководителот, внел несоодветен деловоднички број и го заверил со службен печат. Документот потоа бил предаден директно на адвокатот, спротивно на пропишаните процедури за канцелариско и архивско работење.

    Според информациите, ваквиот службен спис бил употребен како доказ во судска постапка пред Основниот суд во Тетово, при што бил евидентиран на штета на лице од Тетово.

    Кривичната пријава е поднесена до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а се преземаат понатамошни мерки за расчистување на случајот.

    Прочитај повеќе

    11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола

    19.09.2026 во 14:53

    20-годишник прегази пешак кај Мирковци

    19.09.2026 во 13:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.