СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“.
Пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега починатиот работник К.Љ. од Охрид, со што му ги одзел и ограничил правата што му припаѓале.
С.М. дозволил пристап на сега веќе починатиот работник, на работно место кое е изложено на сериозни и специфични опасности, без притоа да добие посебни упатства за работа, односно дозволил да извршува работни задачи како помошник монтер, без притоа да изврши основна обука од областа на безбедност и здравје при работа и без соодветен здравствен преглед во здравствена ординација по медицина на трудот.
Актуелно
- Гаши: Собранието ќе работи и покрај протестот на ССМ – пратениците ќе дојдат пеш или порано
- Автобус се заби во кабина на Блаце: На возачот му се одземени документите
- „Паднаа“ лажни лекари во Битола: Измамиле старци за 7.000 евра и злато
- „Намерно се забиле во банката“: Откриени нови детали за киднапирањето на Кајмаковски
- Ноќна акција на автопатот „Пријателство“: Кумановец уапсен додека превезувал мигранти од Непал, Индија и Пакистан
- Тешка сообраќајка во кичевско: Повредени двајца малолетници, одземен четирициклот со кој излетале
- Доживотен затвор за Стојанче Зарков кој не се сеќаваше дека ја заклал мајка си
- Нова трагедија во Кран Монтана: Изгоре меморијалниот центар за жртвите од ноќниот клуб, спасена само книгата на сочувство

