Импровизираниот меморијален центар во Кран Монтана, поставен во спомен на 41 жртва од страотниот пожар во клубот „Ле Констелејшн“, денеска и самиот исчезна во пламен. Големиот шатор каде граѓаните оддаваа почит на настраданите, според пожарникарите, пламнал од запалените свеќи оставени од посетителите.

Иако огнот за кратко време збришал сè, пожарникарите успеале да ја спасат само книгата на сочувство, во која илјадници луѓе ги запишуваа своите последни пораки до жртвите, од кои половината беа малолетници. Инцидентот доаѓа во исклучително чувствителен момент, само два дена пред почетокот на судскиот процес против сопствениците на клубот.

Exit mobile version