Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на денешниот брифинг со новинарите потврди дека утрешната собраниска седница ќе се одржи паралелно со протестот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). Иако влезовите за возила ќе бидат блокирани, Гаши очекува пратениците да најдат начин да стигнат до своите работни места.

„Се договоривме дека треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест. Не верувам дека некој пратеник нема да дојде пеш“, изјави Гаши. Тој нагласи дека нема да има дополнително обезбедување на објектот, туку МВР ќе ги спроведува редовните безбедносни протоколи. Во однос на барањата за зголемување на платите, спикерот смета дека е потребно нивелирање по приоритет на функциите – од претседател на држава до наставници и доктори – за да се постигне праведно решение.

Exit mobile version