Невин детски трик за малку ќе предизвикаше сериозен меѓународен инцидент на летот од Лондон до Тел Авив. Авион на компанијата Wizz Air во неделата попладне бил пресретнат од израелски воени авиони, откако на социјалните мрежи и уредите во авионот се појавила сомнителна порака.

Вистинскиот хаос го предизвикало дете на патници, ултраортодоксни Евреи, кое тајно го преименувало името на својот телефонски „hotspot“ во арапскиот збор за „терорист“. Поради оваа ознака, израелските безбедносни служби веднаш ги кренале борбените авиони. Авионот трипати кружел над Средоземното Море додека се проценувала опасноста, по што безбедно бил спуштен во Израел.

Exit mobile version