Драматична сцена се одвивала утрово на автопатот 613 во јужна Италија, кога група вооружени лица извршиле организиран напад врз оклопно возило на компанијата „Battistolli“. Напаѓачите користеле лукава тактика – со лажни полициски сигнали го принудиле возилото да запре на делницата меѓу Лече и Бриндизи, по што го разнеле со силна експлозија.

Нападот предизвика целосен сообраќаен колапс и паника кај возачите. Полицијата веднаш ги блокираше сите излези во регионот, а потрагата по криминалците е во полн ек.

Exit mobile version