Ноќеска во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово.
При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, двајца од Непал и по еден од Индија и Пакистан.
Н.С. е задржан во полициска станица, а мигрантите се пренесени во Транзитниот центар Табановце и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Актуелно
- Барселона одби 30 милиони долари за Бернал
- „Очекувале дека има пари со себе“ – откриени нови детали за киднаперите на Даниел Кајмакоски
- Царинските службеници на граничните премини Прохор Пчињски и Прешево спречија увоз на цигари во вредност од над 700.000 динари
- Илон Маск ќе ја населува месечината
- Хорор ден за прилепчанец – бил избоден од двајца сограѓани
- Гостиварец пронашол четири експлозивни направи покрај река во близина на село Трново
- Гаши: Собранието ќе работи и покрај протестот на ССМ – пратениците ќе дојдат пеш или порано
- Автобус се заби во кабина на Блаце: На возачот му се одземени документите


